мини|десно|250п|Цвет на фуксија.

Фуксија е силна црвеникава или розова боја наречена по цветот на растението фуксија (), кое пак е наречено по германскиот научник Леонарт Фукс (1501-1566). Некои сметаат дека поимот „фуксија“ е синоним на магента, но функсијата во голем број на палети е повиолетова, а магентата е поцрвена.

Нешто поцрвена варијанта со помалку заситен тон е т.н. „модна фуксија“ (англ. fashion fuchsia) што се користи во женската мода. Истата се нарекува и „холивудска црешова“.

Фуксија (мрежна боја)

Бојата фуксија кај сметачите е актуелна како синоним за #FF00FF (полна магента); Во каскадните стилски страници (CSS) се добива оваа боја со внесување на fuchsia. Таа е дел од 16-бојната палета кај највеќето сметачки системи. Често се користи и за укажување на проѕирност.

Нијанси на фуксија

Модна фуксија

Модната фуксија (fashion fuchsia) е боја во женската мода, кога се бара силна розова боја со нешто помала заситеност. Ова е друг назив на бојата „холивудска црешова“.

Фуксиско розе

Фуксиско розе (fuchsia rose) е бојата прогласена за „Боја на годината 2001“ од Pantone.

Извор на оваа боја е списокот на бои „Pantone Textile Paper eXtended (TPX)“, каде бојата се води под „#17-2031 TPX—Fuchsia Rose“.Пребарувач на бои Pantone TPX

Длабока фуксија

Овој длабок тон на фуксија а бојата наречена „фуксија“ боиците на производителот Crayola.

Фанданго

Десно е прикажана бојата фанданго (fandango).

Старинска фуксија

Десно е прикажана бојата старинска фуксија (antique fuchsia).

Извор на оваа боја е системот „Плохер“ осмислен во 1948 г. и широко застапен во внатрешното уредување.Боен систем „Плохер“

Занимливости Во супкултурата на геј-лицата, носењето на шамивче со оваа боја означува дека носачот има фетиш кон плескање.Симболика на шамивчињата - Gay City USA

Поврзано Магента Розова боја Розе (боја) Список на бои

Наводи

Категорија:Бои Категорија:Нијанси на розовата боја Категорија:Нијанси на црвената боја Категорија:Нијанси на виолетовата боја