Патка свиркач (Anas penelope) спаѓа во семејството патки, редот на гусковидните. Таа е честа и распространeта птица и ја има и во Македонија. Овој вид бил за првпат опишан од страна на Карл Лине во неговиот систем за класификација на видовите.
Распространетост
Широко се распространети во Европа и Азија. Претпочита планински места со езера и големи реки.
Опис Патката свиркач е долга од 42 до 52 см, има распон на крилјата од 71 до 80 см и е тешка од 500 до 1073 грама.Floyd, T. (2008)CRC Handbook of Avian Body Masses by John B. Dunning Jr. (Editor). CRC Press (1992), ISBN 978-0-8493-4258-5. Лета брзо и лесно, а полетува речиси вертикално. Ретко нурка. Кај овие патки јасно е изразен половиот диморфизам. Во сезона на парење мажјакот има сив грб и слабини, црн задник и темнозеленi летачки пердуви и брилијантна бела боја на горните делови на крилјата, кои повеќе се забележуваат во лет, но се гледаат и кога мирува. Има розов граден кош, бел стомак, костенлива глава со кремаста круна. Кога не е сезоната на парење или гнездење мажјакот личи на женката. Женката е со светлокафена боја.
Поведение и живеалиште
Патката свиркач е птица на отворените простори на водата, исто така, пасиштата полни со вода или мочуришта со висока вегетација. Се храни и со растителна и со животинска храна. Се вгнездува на земјата блиску до водата, на скришни места. Овие птици се многу гласни, мажјаците се огласуваат со свиркачко „пиу пиу“, а женките имаат подлабок глас „рооур“. Вон сезона на парење тие се исклучително друштвени и често формираат големи јата.
Размножување
Гнездото претставува мала дупка покриена со растенија, мов и пердувчиња. Снесуваат 4-11 бели јајца кои ги лежи само женката 22-28 дена. Мажјакот, пак, постојано е во близина за време на инкубацијата. .
Наводи
Свиркач Категорија:Птици на Македонија Категорија:Гусковидни Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј