„Остермановиот викенд „Остермановиот Викенд“ е трилер-роман напишан од Роберт Ладлам. Ова е втората негова книга, издадена во 1972 година. Книгата е основа за истоимениот филм.
Резиме
Џон Тенер, водител наистражувачка емисија, е убеден од страна на еден агент на ЦИА дека пријателите кои ги поканил на викенд на село се вмешани во завера, наречена Омега, која претставува закана за националната безбедност. Тогаш, сите мислења кои Тенер ги имал за своите пријатели се менуваат, и тој се врти против нив. Ама кога Омега конечно се открива, тој сфаќа дека бил манипулиран од самиот почеток.