Иво Лауренчиќ (хрватски: Ivo Laurenčić; , Хрватска - , ) — виден македонски експерт за политички маркетинг и претседател и креативен директор на маркетиншката агенција „Идеја плус“.

Животопис Лауренчиќ е роден во Шибеник, Хрватска како син на познатиот југословенски глумец Јозо Лауренчиќ. Тој завршил Филмска академија во Белград, бил директор на Втората програма на РТВ Белград, работел на многу проекти, градејќи кариера како слободен филмски уметник. Снимал документарци, бил помошник-режисер на „Венецот на Петрија“, „Мајстори, мајстори“, „Сивиот дом“, „Грлом у Јагоде“. Со негов потпис бил и видео изразот за последната песна на Евровизија во поранешна Југославија, која во 1990 се одржала во Загреб. Паралелно се усовршувал за маркетинг, комерцијален и политички. Во Македонија дошол во раните 90ти години на XX век на покана на тогашниот директор на Пивара Скопје Светозар Јаневски. Тука ја развил маркетинг-агенцијата „Идеја плус“, по урнекот на „Идеја плус“ од Белград која веќе успешно работела во Србија. Набргу агенцијата станала школа за маркетинг во Македонија.

Лауренчиќ го осмслил и реализирал серијалот од 1.060 емисии „Говорете македонски“ за Македонската телевизија. Бил и творец и реализатор на кампањата за промоција и зачувување на македонското кирилично писмо „Додека пишувам на кирилица постојам“ која добила прва награда на фестивалот ФЕСТО во Хрватска. Негова сопруга е Ангелка Пеева - Лауренчиќ, експерт за односи со јавност, основач и извршен директор на првата агенција за односи со јавностa, Имиџ ПР и поранешен пратеник во Собранието на Македонија. Починал по долго и тешко боледување во Скопје на 13 мај 2013 година.

Наводи

Надворешни врски ЛЕГЕНДАТА НА МАКЕДОНСКИОТ МАРКЕТИНГ

Категорија:Македонски Хрвати Категорија:Македонски филмски работници Категорија:Луѓе од Шибеник