Гусковидна патка (Tadorna tadorna) е широко распространета во Евроазија, главно одгледувана во регионите со суптропска клима, а во зима таа исто така може да се најде во северозападна Африка. Нејзиното научно име има келтски корени и значи "шарена птица". Овој вид се среќава и во Македонија.

Опис Гусковидната патка има мал краток гусковиден врат. Таа е впечатлива птица поради нејзиниот црвено-розов клун, розови стапала, бело тело со црн стомак и темнозелена глава и врат. Горните делови на крилјата се бели а средишниот дел е црн. Половите се слични, но женката е помала со некои бели ознаки на лицето, додека мажјакот има поостри бои на него во сезоната на парење, а неговиот клун е светлоцрвен.

Патчињата се бели со црна капа. Тие се слично обоени и имаат сивкаста боја на горниот дел и претежно бела боја надолу, но веќе крилјата им имаат изглед како на возрасни.

Распространетост и живеалиште Ова е птица која се населува во умерените делови на Евроазија. Поголемиот дел од популацијата се сели во суптропските области во зима, но највеќе ги има во западниот дел во Европа. Гусковидната паткa ја има околу брегот на Велика Британија каде што ја има кај мочуриштата и утоките. Оваа птица е реткост во Северна Америка и е пријавена како редок посетител на САД и Канада.

Поведение Јатата на гусковидните патки можат да бидат огромни (100.000) бидејќи голем број на парови ги напуштаат нивните делумно одгледани младенчиња. Овој вид е главно поврзан со езера и реки на отворена земја. Тие се гнездат во дивината во зајачки јами, дупки во дрва и слично.

Оваа птица е еден од видовите на која што се однесува Спогодбата за заштита на африканско-евроазиските миграторни водени птици. Младенчињата нуркаат за да избегнат разни грабливци.

Наводи

Надворешни врски

RSPB A to Z of UK Birds Common Shelduck videos, photos & sounds on the Internet Bird Collection Ageing and sexing (PDF; 1.2 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze NARBA North American Rare Bird Alert Range map in Iran

Категорија:Патки Категорија:Птици на Македонија Категорија:Гусковидни Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј