Ибански јазици — гранка на малајските јазици, дел од јадрените малајско-полинезиски јазици од семејството на австронезиски јазици. Јазиците ги зборуваат народите: Ибаните, Селакоанците, Кендајанците и останати дајачки народи.

Некое време меѓу јазичарите имало забуна за тоа кои јазици го опфаќа поимот „дајачки јазици“. Се установило дека некои дајачки јазици се малајски (малајско-дајачки), а други не се. Немалајските јазици се нарекуваат копненодајачки јазици.

Јазици Јазиците во оваа група се:

основни ибански: ибански јазик, балауански јазик, ремунски јазик, муаланшки јазик, себеруаншки јазик, себујауански јазик кендајански јазик кенинџалски јазик

Поврзано Малајско-полинезиски јазици Малајски јазици

Надворешни врски Ибански јазици на Ethnologue.

* Категорија:Аглутинативни јазици