Свети Ѓорѓи — православен храм во населбата Радишани во градот Скопје. Според изгледот и начинот на изградбата таа потекнува од доцниот средновековен период односно XVI век и многу наликува (речиси е сосема иста) со блиската и соседна црква Свети Никола. Внатрешноста на црквата е живописана со фрески со карактеристична техника на сликарство. Црквата е сместена од левата страна на патот (главната улица Радишанска) и наоѓа на самиот врв на возвишението на кои се наоѓаат селските гробишта на Радишани, кои се дел од нејзиниот двор. Црквата Св.Ѓорѓи сѐ до крајот на шеесеттите години претставувала главна селска црква на Радишани.Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964, стр. 7 Еднаш за време на турското владеење таа била разрушена, а потоа била обновена на почетокот на XIX век.

Галерија

Наводи

Категорија:Радишани Радишани