Хјустон Динамо е американски професионален фудбалски клуб, со седиште во Хјустон, Тексас, кој се натпреварува во МЛС во која се натпреваруваат најдобрите клубови во САД и три клуба од Канада. Основан во 2005 година како Хјустон 1836, годината кога бил основан градот Хјустон, тимот го преименуванал своето име во Хјустон Дајнамо по протестите од страна на хиспанските навивачи, бидејќи 1836 можеше да се преземат мерки во војната за независност на Тексас. Клубот првично ги играл својте натпревари на Стадион Робертсон на Универзитетот во Хјустон но се преселил во BBVA Компас стадион за време на сезоната 2012 во МЛС лигата.
Во 2008 година, под раководство на Доминик Кинар, Хјустон Дајнамо станал првиот клуб од МЛС кој успеал да освои бод на мексиканска почвата во ерата на КОНКАКАФ шампионската лига. Својата прва титула шампион на МЛС, Хјустон ја освоил во 2006 година, кога во финалето со 4-3 на пенали ги победиле Њу Ингланд Револушн, а во 2007 година го одбраниле насловот со победа над истиот противник од 2-1 во регуларниот дел од натпреварот.
Тимот е во сопственост на мнозинство сопственици на Anschutz Entertainment Group (AEG) во партнерство со Brener International Group (на чело со Габриел Бренер), и повеќекратниот светски и олимписки првак во бокс Оскар Де Ла Оја. Тренер на тимот е поранешниот американски репрезентативец Доминик Кинар.
Моментални играчи
Титули МЛС куп : 2006, 2007.
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место Резултати и пласман soccerway
Хјустон Дајнамо Хјустон Дајнамо