Морскиот пескар () е мала блатарка која се среќава и во Македонија.
Опис Морскиот пескар е долг 15-17 см. Тој е помал, посветол, со подолги нозе и потенок клун од средниот пескар. Линијата на градите не е целосна и често личи како темна дамка од страната на градите. Грбот му е кафеавосив, а стомакот бел, без шарки. Во сезона на парење, ознаката на градите е црна, инаку е кафеава. Некои мажјаци во сезоната на парење имаат црно чело и црна маска преку очите. Нозете му се црни. Во лет, пердувите за летање му се црнкави обрабени со силна бела боја на краевите. Летачкиот повик е остро бип.
Поведение Живеалиштето на морскиот пескар се песочните морски плажи и соленкави езера, и понекогаш крај слатки води. Гнезди на земја и несе 3-5 јајца.
Во потоплите региони оваа птица е постојан жител, но од северните краеви се сели во тропските. Се храни со инсекти и други безрбетници, кои ги лови со трчи-пауза техника, за разлика од другите блатарки кои претежно полека одат и пасат по крајбрежјето.
Оваа птица има неколку географски раси, од кои најмногу се издвојуваат двете кои живеат во Америка, наречени снежен пескар. Тие имаат пократки нозе, посветли и посиви се одозгора отколку птиците во Стариот Свет, и на мажјаците во сезона на парење им недостига испакнатата капа, како и маската врз очите која е или многу слаба или воопшто ја нема. Генетските истражувања објавени 2009 година, сугерираат дека оваа птица е посебен вид.
Кај расите од Индија и Шри Ланка исто така, недостига капата и имаат слаба маска врз очите.
Статус
Во многу делови од светот, многу е тешко овој вид непречено да се размножува на плажите поради човечките активности и нивните животни. Универзитетот на Калифорнија во Санта Барбара вложува напори да ја рехабилитира популацијата на снежниот пескар со заштита на плажите во централна Калифорнија кои минуваат низ универзитетскиот кампус.
На морскиот пескар се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските водни птици-преселници.
Наводи
Надворешни врски
www.westernsnowyplover.org Ageing and sexing (PDF; 2.2 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze
Категорија:Блатарки Категорија:Птици на Македонија Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј