Јаја Саного (роден 27 јануари 1993) — француски професионален фудбалер кој игра за англискиот клуб од Премиер лигата, Чарлтон Атлетик, како позејмен играч од Арсенал, на позицијата напаѓач.
Тој ја претставувал Франција во селекциите до 16, до 17, до 19, до 20 и до 21 година.
Кариера Осер Откако неуспеал да заработи место во престижната Клерфонтејн академија, Саного му се приклучил на локалниот клуб Лес Улис, истиот клуб во кој како млад играл и се развивал легендата на францускиот фудбал Тјери Анри. По една година во клубот, Саного го напуштил и дошол во академијата на Осер на возраст од 13 години. Во 2009 година го направил своето деби за вториот тим на Осер во Првенство де Франс аматер. На 24 јануари 2010, тренерот на Осер Жан Фернандес го повикал Саного во првиот тим за натпреварот од Купот на Франција против Седан кој бил одигран на 26 јануари, еден ден пред неговиот 17-ти роденден. Исто така му бил доделен дресот со број 19. Саного го направил своето професионално деби влегувајќи од клупата во 108-мата минута, а Осер го добил натпреварот по изведувањето на пенали со вкупен резултат 3-0. На 5 мај 2010, тој го имал своето лигашко деби влегувајќи како замена во поразот со 2-1 од Лион. На 6 ноември 2011, Саного го постигнал својот прв преофесионален гол во кариерата стрелајќи во мрежата на Тулуза при победата со 2-0. За време на неговата последна сезона (2012-13) во Осер постигнал 10 гола на 13 настапи во Лига 2.
Арсенал На 5 јули 2013, Саного потпишал за англискиот премиерлигаш Арсенал и го добил дрессот со број 22, кој претходно бил носен од неговиот сонародник Франсис Коклен.Twitter / Arsenal: New French striker Yaya Sanogo На 24 август, Саного го направил своето официјално деби за Арсенал против Фулам на Крејвен Котиџ појавувајќи се како замена за Лукас Подолски во 81-вата минута од натпреварот кој "топџиите" го добиле со 3-1.
Титули Клупски Арсенал ФА Куп (1) : 2013-14. ФА Комјунити Шилд (1) : 2014. Репрезентација Светско првенство под 20 години : 2013
Наводи
Надворешни врски Јаја Саного на soccerway Јаја Саного на transfermakt Јаја Саного на whoscored Јаја Саного на espn Јаја Саного на Goal.com
Категорија:Француски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Осер Категорија:Фудбалери на ФК Арсенал Категорија:Фудбалери на ФК Кристал Палас Категорија:Фудбалери на ФК Ајакс Категорија:Фудбалери на ФК Чарлтон Атлетик Категорија:Фудбалери на ФК Тулуза Категорија:Фудбалери на ФК Хадерсфилд Таун Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1993 година