Малата шлука () е мала, набиена крајбрежна птица, монотипечен член на родот Lymnocryptes. Се размножува низ северна Евроазија, а зимува на атлантскиот и средоземниот брег во Европа, во Африка и Индија. Оваа птица ја има и во Македонија.
Опис Возрасните птици се помали од шлуката бекасина и имаат релативно пократок клун. Долги се 18-25 см, имаат распон на крилјата 30-41 см и тежат 33-73 грама.CRC Handbook of Avian Body Masses by John B. Dunning Jr. (Editor). CRC Press (1992), ISBN 978-0-8493-4258-5. Телото одозгора е шарено со кафеви бои, а одоздола светло. Имаат црна линија низ окото. Крилјата се тесни и зашилени, а жолтите линии на грбот се видливи при лет.
Шарата на главата кај малата шлука се разликува од останатите од нејзиниот род. Таа нема централна линија, туку има две светли странични линии на круната, кои се раздвоени со темно перје.
Живеалиште и поведение Малата шлука е птица преселница чие живеалиште за време на размножувањето се мочуриштата, блатата, тундрата и влажните ливади со ниска растителност.
Птицата е таинствена и тешка за набљудување во областите вон сезоната на парење, добро камуфлирана во животната средина. Затоа, набљудувачите на птици развиле посебна техника за да ги пронајдат, која се состои од одење низ мочурливото живеалиште додека птицата не полета нагоре. Тие потоа ќе се вратат долу и нема да се помрднат од скривалиштето додека натрапникот не дојде сосема близу. Тивко и кратко ќе летнат пред повторно да се вратат назад во растителноста.
Исхрана Малата шлука пасе и копка по меката кал, истражувајќи и собирајќи ја храната што ќе ја види. Претежно јаде инсекти, црви, но и растенија.
Размножување Мажјакот изведува додворувачко летање при кое испушта звуци како коњ во галоп. Инаку, се тивки птици. Гнездото го сместуваат на добро скриено место на земја и несат 3-4 јајца. Статус На малата шлука се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските водни птици-преселници.
Наводи
Надворешни врски Avibase Ageing and sexing (PDF; 0.57 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze
Категорија:Мочварки Категорија:Птици на Македонија