Свети Наум Охридски Чудотворец — македонски православен храм во населбата Радишани во Скопје. Сместен е во долот од десната страна на реката Серава на подножјето на ридот кој се издигнува кон североисток. Црквата е изградена како манастир во 1936 година, кога при ископувањето на темелите за изградба на овој храм селаните нашле остатоци од некој стар храмТрифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 г. стр. 7. Во манастирот селаните вообичаено се собирале три пати годишно на денот на св. Наум, на Крстовден и една недела пред Ѓурѓовден. Со текот на времето и порастот на населбата Радишани таа станала главна соборна црква за целата населба и околните места, често посетувана за време на најголемите христијански празници, а во неа се извршуваат и венчавки и крштевки. Во дворот на црквата тече извор на лековита („чудотворна“) вода, а исто така се наоѓаат гробовите на двајца македонски владици. Архиепископот г.г. Гаврил, по свое завештание, заедно со неговиот наследник, Архиепископот г.г. Михаил, се погребани во припратата на црквата.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Радишани Радишани