Црвеногушестото грмушарче () е мала врапчевидна птица која се размножува претежно низ јужниот дел на Европа, од Пиринејскиот Полуостров, со исклучок на западниот и северниот брег, во јужниот дел на Франција, Италија, средоземните острови, јужниот дел од Балканскиот Полуостров, Бугарија, Македонија, Грција и во Мала Азија. Таа е птица преселница, која зимува на јужниот раб од Сахара.
Опис Црвеногушестото грмушарче е долго 12-13 см. Горниот дел од телото на мажјаците им е сивкав, а долниот посветол со цигла црвена нијанса. Има бели образи како мустаќи. Женките се одозгора кафеавкави со посива глава, а одоздола се со розовикава нијанса. Мажјаците имаат светлоцрвен прсен околу очите, а женките сивомаслинав. Младенчињата се одозгора кафеавомаслинави, а одоздола бели. Поведение
Живеалиштето на оваа птица се планините со дабови шуми, но најмногу сака грмушки од олендри во близина на реки. Ретко се среќава во градски средини. Се храни со инсекти преку лето, а со бобинки и семиња наесен. Пеењето е брзо и растреперено, слично на малото белогушесто грмушарче. Размножување Сезоната на парење трае од средината на април до почетокот на јуни. Гнездото го сместуваат во ниска грмушка, не повисоко од 1 метар. Го градат со ситни гранчиња и тревки и го украсуваат со пајажина. Внатре го постилаат со меки тревки и животински влакна. Несат 3-4 зеленкави, испрскани јајца. Обата родитела, иако повеќе женката ги инкубираат јајцата што се излегнуваат по 11-13 дена. Двата родитела учествуваат во исхраната на пилињата што трае 11-12 дена, а ако женката има второ легло, мажјакот ги храни пилињата од првото. Подвидови Се разликуваат 4 подвида, поделени во три групи, кои се блиску до статусот на алотропски форми:H. Shirihai, G. Gargallo, A. J. Helbig: Sylvia Warblers - Identification, taxonomy and phylogeny of genus Sylvia. C. Helm, London 2001.. S c. cantillans (Pallas, 1764) — номинираниот подвид, распространет во југозападна Европа до северна Италија; S c. inornata (Tschudi, 1906) - во северозападна Африка; S c. moltonii (Orlando, 1937) - на Балеарски Острови, Корзика и Сардинија; S c. albistriata (C. L. Brehm, 1855) - југоисточна Европа, вклучувајќи ја и Турција. Освен S c. inornata, сите подвидови ги има во Средна Европа.
Наводи
Надворешни врски Возраст и пол (PDF; 3.8 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Avibase
Категорија:Грмушари Категорија:Птици на Македонија Категорија:Таксони опишани од Петер Симон Палас