Дуковска Крастица — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Бабино. Претставува топилница од доцноантичкото време. Се наоѓа во приватна нива, што се наоѓа северозападно од селото и високо во планинскиот масив, каде се откриени многубројни остатоци од топена железна руда. По површината има фрагменти од керамички садови и покривни ќерамиди.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Кула — тврдина од рано античко време; Бојано Лозје — некропола од раната антика; Вртешка — населба и топилница од доцната антика; Црно Село — населба и некропола од средниот век; Бабино; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи
Категорија:Бабино