Базиликата на Нашата Мајка на мирот во Јамусукро () е римокатоличка базилика посветена на Богородица. Базиликата се наоѓа во главниот град на Брегот на Слоновата Коска, Јамусукро. Базиликата била изградена во периодот од 1985 до 1989 година и чинела околу 300 милиони американски долари. Куполата и стилот биле инспирирани од Базиликата на Св. Петар во Ватикан, но не е реплика. Базиликата била осветена на 10 септември 1990 година од папата Јован Павле II. Базиликата не е катедрала и така седиштето на бискупот на Бискупијата на Јамусукро е катедралата Св. Августин. Според Гинис, оваа базилика е најголема црква во светот. Базиликата има вкупна површина од 30.000 метри квадратни и висока е 158 метри. Базиликата има капацитет од 18.000 верници.
Поврзано Список на најголеми цркви во светот Јамусукро Христијанство во Брегот на Слоновата Коска
Наводи
Надворешни врски
Слики од 2008
Категорија:Цркви во Брегот на Слоновата Коска Категорија:Христијанството на Брегот на Слоновата Коска Категорија:Згради и градби во Брегот на Слоновата Коска