Костен () — од осум до десет а на листопадни дрва и грмушки од то буки (Fagaceae) со потекло од умерените краишта на северната полутопка. Поимот го означува и оревестиот плод што го дава дрвото.
Ова дрво припаѓа на истото семејство како и дабот и буката. Четирите поважни вида се нарекуваат питом (европски), кинески, јапонски и американски костен.Industry information by David McLaren. From The Chestnut Growers Information Book, Chestnut Australia Inc.
Иако имаат сличности во плодовите, костенот не е сроден со дрвото див костен, кое припаѓа на родот Aesculus.
Во Македонија, костенот е најзастапен на Беласица и Шар Планина. На неколку места во земјата секоја година се одржуваат т.н. „костенијади“, каде на различни начини се промовираат костените и костеновото дрво.
Опис Костените растат мошне бргу, со ислучок на кинескиот, чиј раст е умерен.A Modern Herbal. By Mrs. M. Grieve. Во висина се движат од грмушести,Chestnuts, Horse-Chestnuts, and Ohio Buckeyes . In Yard and Garden Brief, Horticulture department at University of Minnesota. па сè до американскиот вид (Castanea dentata), кој достигнува . Со среден раст се јапонскиот костен (Castanea crenata) со просек од и кинескиот костен (Castanea mollissima) со . Поголем е европскиот (питомиот) костен, (Castanea sativa) висок околу .Chestnuts worldwide and in New Zealand. By the New Zealand Chestnut Council, 2000.
Кинескиот и (особено) јапонскиот се поразгранети и порашитени, додека пак останатите имаат исправено и масивно стебло, со големи густи крошни. Лисјата на европскиот и американскиот добиваат впечатлива жолта боја на есен.Autumn Foliage Color:Past, Present, and Future. Harvard University
Кората е мазна кога дрвото е младо и имаThe American Chestnut Tree. By Samuel B. Detwiler. Reprinted from American Forestry, October, 1915. Chattooga Conservancy. црвеникаво-кафена боја кај американскиотChestnut Tree. и сива кај европскиот костен. Со растот, американските стануваат сиви и потемни, со дебело набрано стебло. Наборите одат по должината и знаат да се завијат околу стеблото налик на усукан гајтан. thumb|Машки и женски реси на костен
Листовите се прости, јајцевидни или копјести, долги по , со ширина од . Запците се распоредени на извесно растојание и имаат остри врвови со жилички.Chestnut — Answers.com.
Цветовите се јавуваат по листовите, кон крајот на пролетта, почетокот на летото, или пак во јули. Распоредени се во долги реси од машки и женски тип — обете на истото дрво, и имаат опоен мирис. Некои реси се сочинети само од машки цветови, кои узреваат први. Секој цвет има по осум прашници, додека кинескиот костен има 10 до 12. Други реси имаат поленови цветови на, но кај матичното гранче имаат и женски плодородни цветови. Два до три цвета заедно образуваат четириделна боцкава ежовка, која подоцна сраснува и го обвива плодот.thumb|Костени во своите ежовки
Плодовите лежат во боцкави ежовки со пречник од , честопати во парови или повеќе заедно. Ежовката може да има еден до седум плода, зависно од видот, вариететот и сортата.Castanea – Flora of China.Castanea – Flora of North AmericaTrees of Britain and Europe. By K. Rushforth. Collins. 1999. ISBN 0-00-220013-9.Trees and Shrubs Hardy in the British Isles. By W.J. Bean. 8th ed., vol. 1. John Murray. 1976. ISBN 0-7195-1790-7. Кога плодовите ќе узреат, ежовките стануваат жолтокадени и се расцепуваат на два или четири дела.
Употреба мини|десно|Печени костени
Исхрана Костените се јадат печени, варени или сомелени во брашно, од кое се прави леб, колачи, палачинки, тестенини. Покрај ова, фино мелениот костен скробен елемент во запршки, чорби и сосови.
Дрво
Костеновото дрво е мошне трајно и особено издрлживо при изложеност на временските услови.Sweet Chestnut production in Farm Woodlands – CALU Technical Note ref: 050401.
Дрвото има светлокафеав, украсен изглед, сличен на дабовиот, но дава поголемо количество на квалитетно дрво. Се избегнува употреба на постаро дрво бидејќи лесно се криви и престанува да биде издржливо, наспроти дабот, кој ги задржува особините и во староста. Затоа, костенот не се користи во големи талпи како граѓа, туку за помал надворешен мебел, огради и покривни плочки. Во Италија од него се прават и буриња.
Од листовите и лушпите на костенот се произведува шампон.Encyclopaedia of Medicinal Plants. By R. Chiej. MacDonald 1984. ISBN 0-356-10541-5. Cited in Plants For A Future.
Костенот како мотив во уметноста „Костен“ (српски: Кестен) — песна на српскиот поет Васко Попа.Васко Попа, Поезија (избор). Скопје: Култура; Београд: Нолит, 1968, стр. 12.
Галерија
Поврзано Див костен Питом костен
Наводи
Надворешни врски
Хранливи сосојки на костенот — Федерација на фармерите на РМ Лековитите својства на костенот — „МиГусто“
Категорија:Јадливи оревести плодови и семки Категорија:Дрва Категорија:Флора на Македонија Категорија:Овошни дрва Категорија:Таксони опишани од Филип Милер