На Куќишта или На Вирон — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Зашле. Претставува некропола од доцноантичко време. Се наоѓа во повеќе приватни ниви на мештани, кои лежат на 500 метри западно од селото, каде се откриени гробови градени од камени плочи. На теренот не се пронајдени никакви остатоци.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Дабовја — населба и топилница од доцноантичко време; Јачмиште — населба и топилница од доцноантичко време; Караиче — населба и топилница од доцноантичко време; Кале — населба од средниот век; Куќиште — населба и топилница од доцноантичко време; Старо Кочиште — населба од средниот век; Зашле; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;

Наводи

Категорија:Зашле