Стари Лозја — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Обедник. Претставува населба и топилница од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 1,5 км североисточно од селото во ниви на месни жители, каде се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, множество градежен материјал и згура од топена железна руда.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Стара Корија — црква од средниот век; Кале — населба од доцноантичко време и среден век; Сува Река — сакрален објект и некропола од доцноантичко време; Обедник; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи
Категорија:Обедник