Ина Суслина (родена на 5 јануари 1979 год.) е руска ракометарка која игра во македонскиот клуб ЖРК Вардар СЦБТ, и за женската ракометна репрезентација на Русија.

Животопис Ина Суслина е родена во Ташкент, Узбекистан. Прв тренер ѝ бил Бородкин Е.У. Дипломирала на универзитетот РГПУ Ростов на Дон, по вокација е педагог.

Сребрен медал на Олимписките игри во Пекинг, Кина (2008 г.). Златен медал на СП 2001 во Италија, СП 2007 во Франција и на СП 2009 во Кина. Сребрен медал на Европското првенство во Шведска во 2006 година и бронзен медал на Европското првенство во Македонија во 2008 година. Шампион на Русија со екипата на Лада Тољати во 2002, 2003 и 2004 година Со Лада Тољати во 2002 година го освои Купот на ЕХФ.

Категорија:Руски ракометарки Категорија:Родени во 1979 година