Фридрих Август Јоханес Лефлер ( — ) — германски бактериолог на Грајфсвалдскиот универзитет.
Животопис
Станал доктор по медицина на Берлинскиот универзитет во 1874. Работел со Роберт Кох од 1879–1884Асимов, Asimov's Biographical Encyclopedia of Science and Technology 2. издание како помошник во Царската здравствена служба во Берлин. Во 1884 станал физичар на Институтот Фридрих Вилхелм во Берлин и четири години подоцна станал професор на Грајфсвалдскиот универзитет.
Неговиот развој на оригинални методи за употреба на микроскопот имал важен придонес кон бактериологијата. На почетокот на неговата кариера, започнал студија за паразитските болести. Помеѓу неговите откритија бил и организмот кој ја предизвикува дифтеријата (Corynebacterium diphtheriae) и причината за болеста на шап и лигавка (Афтовирус). Неговиот опис за бацилот на дифтеријата, објавен во 1884, бил првичната употреба на антитоксини. Исто така го создал Лефлеровиот серум, коагулиран серум од крвта користен за откривање на бактеријата. Во 1887 основал весник за бактериологија и паразити (Zentralblatt für Bakteriologie und Parasitik).
Институтот Фридрих Лефлер на островот Римс близу Грајфсвалд е именуван во негова чест.
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница на институтот
Категорија:Родени во 1852 година Категорија:Родени во 1915 година Категорија:Германски микробиолози Категорија:Виролози Категорија:Грајфсвалдски универзитет Категорија:Луѓе од Франкфурт на Одра Категорија:Луѓе од Прусија Категорија:Апсолвенти на Хумболтовиот универзитет