thumb|right|200px|Раскината топеница
Топеница е традиционален македонски специјалитет карактеристичен за полошкиот крај. Во Тетовско се нарекува Топењца (во крајниот Долни Полог позната е под името Цепан Дедо), додека во Гостиварско е позната како Топтањца/Туптањца. Се користи како оброк за време на пости, но се прави и како мрсно јадење. Поради својата едноставност на пригорвување, топеницата се почесто е на трпезата.
Состојки 1 кг брашно l вриена вода 1 лажица сол 1 лажичка сода бикарбона масло
Начин на приготвување Водата се става да зоврие. Брашното се меша со содата и солта и се замесува со врелата вода. Прво се меша со лажица бидејќи е врело, а потоа тестото се изработува со раце. Од тестото се кинат топчиња околу 20 и од секое топче се расукува кора. Секоја коричка се намрсува со масло и се редат една врз друга. Последната кора не се мачка и со малечките корички наредени една врз друга со сукало се прави кора колку тепсијата. Потоа се става во тепсија да се пече додека не поцрвене. Се ваѓа од рерна и со помош на две виљушки се кине топенцата на поситни или покрупни парчиња по желба. Потоа се сервира.Рецепт на хрватска страниза за готвење
Мрсната верзија ја опфаќа истата процедура, но се користи свинска маст. На крајот кога ќе се раскине тестото, се зоврива свинска маст (околу 200 ml) и се попарува раскинатата пита. Наводи
Категорија:Македонска кујна Категорија:Јадења