мини|220п|Амиш од Ланкастер, Пенсилванија Амишите се група традиционални здруженија на христијанската црква кои сочинуваат една подгрупа на Менонитската црква. Амишите се познати по нивниот едноставен живот, обичната облека како и неподготвеноста да ги прифатат бројните погодности на модерната технологија. Историјата на Амишката црква започнала со едно разидување во Швајцарија во 1693 год. во рамките на една група на швајцарски и алзашки анабаптисти предводена од Јакоб Аман. Оние кои го следеле Аман станале познати како Амиши. Во почетокот на XVIII век, многу Амиши се доселиле во Пенсилванија од различни причини. Денес, најконзервативните потомци на Амишите сè уште зборуваат пенсилваниско-германски, исто така познат како пенсилваниско-холандски. Сепак, во некои заедници на Стариот амишки ред доминира дијалект на швајцарско-германски, особено во американската сојузна држава Индијана. Почнувајќи од 2000 година во САД живеат преку 165,000 Амиши од Стариот ред, а околу 1500 живеат во Канада. Едно истражување од 2008 год. укажа дека нивниот број се зголемил на 227,000. Истражувањето од 2010 пак покажа дека нивното население се зголемило за 10 отсто во последните две години т.е. на 249,000 со зголемено движење на Запад. Членството во Амишката црква започнува со крштевањето, обично на возраст помеѓу 16 и 25 години. Тоа е услов за брак и кога личноста веќе еднаш се приклучила кон црквата, тој/таа можат да се оженат само со некој од таа вера. Црковните области во просек опфаќаат од 20 до 40 семејства, и секоја втора недела се одржуваат богослужби во домот на некој приврзаник. Областа е предводена од страна на епископ и неколку свештеници и ѓакони. Правилата на црквата, Орднунг (збирка од правила за живеење на Амишите) мора да се почитуваат од страна на секој член и ги опфаќаат сите аспекти од секојдневното живеење, вклучувајќи ги забраните и ограничувањата за користење на електрична енергија, телефон и автомобили, како и прописи во врска со облеката. Повеќето Амиши немаат комерцијално ниту пак социјално осигурување. Како денешните анабаптисти, амишките црковни членови не применуваат насилство и не служат никаков воен рок.
Членовите коишто не ги следат овие верувања на заедницата и што одбиваат да се покајат ќе бидат исклучени од црквата. Во прилог на исклучувањето, членовите може да бидат избегнувани, обичај што ги ограничува контактите со општеството за да го засрами своеглавиот член и да го принуди да се врати во црквата. Речиси 90 отсто од Амишите тинејџери избираат да бидат крстени и да се приклучат на црквата. Во текот на тинејџерската rumspringa(ритуал кога младите Амиши бираат дали ќе бидат крстени или пак ќе ја напуштат заедницата) во некои заедници, лицето кое што било крстено и чиешто несоодветно однесување довело до избегнување, можат сите да го игнорираат. Амишките црковни групи се обидуваат да останат одделени од неамишкиот (англиски) свет. Општо, главен акцент се става на црквата и семејните односи. Тие обично ги водат нивните училишта со по една училница и го прекинуваат редовното образование до осмо одделение (возраст 13/14). Го ценат руралниот живот, рачната работа и понизноста.
Историја Амиш-менонитското движење потекнува од едно здружение од 16 век познато како Swiss Brethren(Швајцарски Браќа).Тие биле анабаптисти и често се смета дека биле дел од Радикалната реформација.”Анабаптист” значи “оној што повторно ќе крштева” - што се однесува на оние кои биле крстени како бебиња,но подоцна пристапиле кон верувањето во “крштевање на верникот” и потоа повторно се крстиле како возрасни.Овие Swiss Brethren водат потекло од Феликс Манц(околу 1498-1527 г.) и Конрад Гребел(околу 1498-1526 г.),кој се одделил од реформаторот Улрих Цвингли. Амишкото движење го носи името на Јакоб Аман (околу 1656-1730 г.),водач на швајцарските Менонити.Аман смета дека Менонитите,мирољубните анабаптисти од Белгија,Холандија и Германија,се оддалечиле од учењата на Мено Симонс и Менонит Дордрехт Исповедувањето на Верата од 1632 г.Аман се залагал за построга црковна дисциплина,вклучувајќи поригорозна примена на “избегнувањето”,општествено исклучување на членови исфрлени од црквата.Швајцарските анабаптисти,кои беа распрскани по прогонувањето низ Алзас и изборното кнежевство Пфалц, никогаш не практикуваа строго “избегнување” како што беше случајот со некои низински Анабаптисти.Аман инсистираше на оваа практика,дури до тој степен очекувајќи сопружиците да одбиваат да јадат заедно,сè додека не се покае казнетиот сопружник.По ова прашање,како и по другите,овој тип на строг буквализам придонесе за поделбата помеѓу Менонитите од Јужна Германија,Алзас и Швајцарија во 1693 и доведе до повлекување на оние што застанале на страната на Аман. Оттогаш,Швајцарскиот анабаптизам се разви во два паралелни правца.Оние кои го следееа Аман станаа познати какоАмиши или Амиш Менонити,а другите на крајот ја основаа Швајцарската Менонитска Конференција.Поради ова заедничко наследство,Амишите и Менонитите задржале многу сличности.Оние што ја напуштаат заедницата на Амишите настојуваат да се приклучат кон различни заедници на Конзервативните Менонити. Амиш Менонитите започнале да мигрираат во Пенсилванија во 18 век,како дел од една поголема доселба од Пфалц и соседните области.Оваа миграција се должеше на религиозните војни,сиромаштијата и религиозните прогонства во Европа.Првите Амишки имигранти се населиле во Беркс Каунти,Пенсилванија,но подоцна ,поттикнати од земјиштето и безбедносните причини поврзани со Француската и индијанската војна,се преселиле.Многу од нив конечно се населиле во Ланкастер Каунти во Пенсилванија.Други групи подоцна се населиле,или се прошириле кон Алабама, Делавер, Илиноис, Индијана, Ајова, Канзас, Кентаки, Мичиген, Минесота, Мисисипи Мисури, Монтана, Небраска, Њујорк, Охајо, Мериленд, Тенеси, Висконсин, Мејн и Онтарио.
Преостанатите Амишки заедници во Европа полека се соединиле со Менонитите.Последната која се соединила била Ixheim Амишката заедница ,која се соединила со соседната Менонитска црква во 1937 г.Некои Менонитски заедници,вклучувајќи ги повеќето во Алзас,имаат директно потекло од поранешни Амишки заедници. Повеќето Амишки заедници кои биле создадени во Северна Америка на крајот не го задржале нивниот Амишки идентитет.Најголемото разидување што резултирало со губење на идентитетот се случило во 1860-те.За време на таа деценија,во Вејн Каунти,Охајо, биле одржани Dienerversammlungen(свештенички конференции) во врска со тоа како Амишите да се справат со притисоците на современото општество.Самите состаноци биле напредна идеја.Собирањето на епископи и разговарањето за единство била невидена идеја во црквата на Амишите.До првите неколку состаноци,поконзервативните епископи решиле да ги бојкотираат конференциите.Понапредните членови,сочинувајќи околу две третини од групата,го задржале името Амиш Менонити.Многу од овие на крајот се соединиле со Менонитската црква и други менонитски секти,особено во почетокот на 20 век.Поконзервативно-ориентираните групи станале познати како Амиши од Стариот ред.
Религиозни практики Двата клучни концепти за да се разберат практиките на Амишите се нивното отфрлање на Hochmut (гордост,ароганција и надменост) како и нивното големо вреднување на Demut(понизност) и Gelassenheit(смиреност,сталоженост и ведрост),често преведувано како “потчинување” или “допуштање”.Gelassenheit можеби најдобро може да се сфати како неподготвеност да се биде современ,да се самоунапредува или одлучно да се искаже став.Желбата на Амишите да се покорат на “Волјата на Исус”,изразена преку групни норми,е во контрадикција со индивидуализмот којшто преовладува во пошироката американска култура.Анти-индивидуалистичките ставови на Амишите се причина поради која тие ги одбиваат технологиите кои заштедуваат работна рака и што можат да придонесат човекот да е помалку зависен од заедницата.Модерните иновации како што е електричната енергија може да предизвикаат борба за престижни стоки,а фотографиите можат да предизвикаат самобендисаност.
Начин на живот Начинот на живот на Амишите е одреден според Орднунг( Германски збор со значење :ред),кој малку се разликува од заедница до заедница,како и од област до област во рамките на една заедница.Она што е прифатливо во една заедница може да не е дозволено во друга.Ниедно резиме за Амишката култура и начин на живот не може да биде целосно ,бидејќи има неколку општи факти што се вистински за сите Амиши.Групите можат да наидат на несогласувања во врска со ширината на работ на шапката,бојата на кочијата и други работи.Имањето и растењето на деца,како и нивното социјализирање со соседите и роднините се најголемите должности на Амишките семејства.
Јазик Поголемиот број Амиши од Стариот ред зборуваат пенсилваниско-холандски и се обраќаат со “Англичани” кон оние што не се Амиши.Според еден научник”денес,скоро сите Амиши се функционално двојазични во пенсилваниско-холандски и англиски јазик,но сепак домените на користење се јасно одделени.Пенсилваниско-холандскиот преовладува во повеќето опкружувања внатре во групата,како на трпезата и проповедите за време на црковната служба.Спротивно на тоа,англискиот се користи при читање и пишување.Исто така,англискиот се користи за следење на настава во училиштата како и деловни трансакции.Често,заради учтивост,англискиот се користи за комуницирање со луѓе што не се Амиши.И за крај,за време на црковните служби,Амишите читаат молитви и пеат на стандарден германски јазик(кој на пенсилваниско-холандски се нарекува Hochdeitsch.)Карактеристичното користење на три различни јазици служи како моќен показател на амишкиот идентитет.Иако англискиот се користи во сè повеќе ситуации,пенсилваниско-холандскиот е еден од малкуте јазици на малцинствата во САД кој не е ниту загрозен ниту пак поддржан од постојаните пристигнувања на имигрантите.
Кулинарство Амишката кујна е позната по својата едноставност и традиционални квалитети.Храната игра важна улога во општествениот живот на Амишите и се служи на свечени гозби,свадби,настани за собирање на средства,проштални забави и други прилики.Многу нивни производи се продаваат на пазарите како на пример:пити,кознервирани овошја и зеленчуци,лебови,закиселени производи,десерти и конзервирани производи.Многу амишки заедници отворија ресторани за посетители.
Население и поделба Тешко е да се одреди точната бројка на Амишите поради фактот што тие обично се крстат после 18та година и децата не се вброени во локалните заедници.Груби проценки од различни истражувања покажаа бројки од околу 125,000 Амиши во 1992,166,000 во 2000 и 221,000 во 2008.Според тоа,од 1992 до 2008,порастот на Амишите во Северна Америка беше 84 проценти(3.6 проценти годишно.)За тој период тие основале 184 нови населби и се преселиле во шест нови држави.Во 2000 г. живееле околу 165,620 Амиши од Стариот ред,од кои 73,609 биле членови на црквата.Амишите се вбројуваат меѓу најбрзо растечките населенија во светот,во просек 7 деца по семејство. Во 2010 година,неколку религиозни органи,вклучувајќи ги Амишите,го сменија начинот на кој нивните следбеници беа пријавувани за подобро да одговара на стандардите на Здружението на статистичари на американските религиозни органи(ASARB.)Кога ќе се погледнат сите амишки следбеници,а не само оние од Стариот ред,тогаш во 2010 имало околу 241,000 амишки приврзаници во 28 држави.