мини|десно|Љубовна двојка од порцелан од дворецот Нимфенбург, околу 1760 година, измоделирана од Франц Антон Бустели мини|десно|Базиликата во Отобојрен (Баварија) во рококо стил – архитектурните елементи се слеваат и изобилуваат со живот Рококо (фр. rococo, а поретко и roccoco), наречен и „доцен барок“ — стил и уметничко движење од XVIII век, кој влијаел на неколку видови уметност, вклучувајќи ги сликарството, вајарството, архитектурата, внатрешното уредување, декоративната уметност, литературата, музиката и театарот. Стилот рококо се јавил во раниот XVIII во Париз како реакција против надменоста и строгите правила на барокот, особено на оној во Версајскиот дворец. Така, уметниците на ова движење избирале повесел, понакитен и пограциозен пристап кон барокната уметност и архитектура. На тој начин, уметноста и архитектурата во рококо стилот биле накитени и во нив често се користеле кремасти, пастелни бои, несиметрични конструкции, криви линии и злато. За разлика од барокот кој бил политички насочен, рококо стилот имал разиграни, а често и духовити уметнички теми. Што се однесува до внатрешното уредување, просториите во стилот на рококо биле изработени како цели уметнички дела со елегантен и накитен мебел, мали скулптури, украсни огледала и таписерија која ги надополнувала архитектурата, релјефите и сликите на ѕидовите. Исто така стилот рококо одиграл голема улога во театарот. Во книгата „Рококо“ (The Rococo), пишува дека нема ниедна друга култура која „создала подуховит, поелегантен и подисмејувачки дијалог полн со нејасен и прикриен јазик и гестови, префинети чувства и суптилна критика“ од оној на театарот во стилот на рококо, особено во Франција.

Кон крајот на XVIII век, стилот рококо започнал да излегува од мода, и бил во голема мера заменет со неокласицистичкиот стил. Во 1835 година Речникот на Француската Академија изјави дека зборот рококо „обично го опфаќа оној украс, стил и дизајн кој е поврзан со владеењето на Луј XV и почетокот на владеењето на Луј XVI “. Според тоа, ги вклучува сите видови уметности создадени околу средината на XVIII во Франција. Зборот рококо се гледа како комбинација од француските зборови „rocaille“, што значи камен, и „coquille“ што значи школка, поради тоа што овие предмети биле користени како мотиви во декорирањето.Monique Wagner, From Gaul to De Gaulle: An Outline of French Civilization. Peter Lang, 2005, pp. 139. ISBN 0-8204-2277-0 Поимот рококо може исто така да се протолкува како комбинација од италијанскиот збор „barocco“ (бисер со неправилна форма, од кој веројатно потекнува зборот барок – „baroque“ ) и францускиот збор „rocaille“ (познат вид на градина или украсување на ентериер со школки и камчиња). Зборот може да се користи да го опише префинетиот и необичен стил кој станал модерен во некои делови од Европа за време на XVIII век. Поради љубовта кон кривите линии во форма на школки и фокусот кон декоративните уметности од страна на стилот рококо, некои критичари го користеле терминот за потценувачки да посочат дека тој бил безвреден и помоден. Кога терминот, во околу 1836 година, за првпат започнал да се користи во англискиот јазик, неговото разговорно значење било „застарен“. Всушност, стилот бил остро критикуван, и некои го сметале дека е површен и дека има лош вкусAncien Regime Rococo . Bc.edu. Посетено на 2011-05-29.Rococo – Rococo Art. Huntfor.com. Посетено на 2011-05-29., особено во споредба со неокласицизмот. Но и покрај ова, неговите естетски квалитети се фалеле и во средината на XIX век уметничките историчари го прифатиле терминот. Иако сè уште постои спор во врска со тоа дали стилот е историски важен за уметноста во целина, тој е широко признат како важен период во развојот на Европската уметност.

Историски развиток Иако обично се смета дека рококото прво се развило во декоративната уметност и во внатрешното уредување, тоа потекнува од делата на доцната барокна архитектура на Боромини (1599-1667) главно во Рим, и на Гварини (1624-1683) главно во Северна Италија но исто така и во Виена, Прага, Лисабон и Париз. Локалните кнезови, бискупи и кнез-бискупи ги навлекувале италијанските архитекти од доцниот барок/раниот рококо стил кон Католичка (Јужна) Германија, Бохемија и Австрија. Инспирирани од нив, регионалните фамилии на градителите од Средна Европа отишле уште подалеку и граделе цркви и дворци и со тоа го претвориле локалниот стил на германски барок во најразработен и најсензационален рококо стил.

Еден егзотичен, но донекаде поформален вид на рококо се појавил во Франција каде наследникот на Луј XIV ги сменил дворските уметници и општата уметничка мода. До крајот на долгото владеење на кралот, богатите барокни творби им отстапувале место на полесни елементи со кривини и природни дезени. Овие елементи можат да се забележат во архитектурниот дизајн на Никола Пино. За време на владеењето на регентот Филип II Орлеански, дворскиот живот се преместил од Версај и оваа уметничка промена навлегла, прво во кралската палата, а потоа и во високото француско општество. Деликатноста и разиграноста на творбите на рококото често се смета дека совршено одговара со ексцентричното владеење на Луј XV.

1730-тите години претставувале врв во развитокот на рококото во Франција. Стилот, од архитектурата и мебелот, се проширил во сликарството и вајарството, за што се пример делата на Антоан Вато и Франсоа Буше. Рококото го задржало барокниот вкус за комплексни форми и нејасни шаблони. Но во овој период, тоа започнало да поприма разни други одлики, вклучувајќи го вкусот за Ориентален дизајн и за несиметрични композиции. Француските уметници и изгравираните публикации го распространиле рококо стилот.

мини|лево|Франсоа Буше, „Појадок“ (1793, Лувр) - „ Le Déjeuner “ прикажува рококо ентериер на едно буржоаско семејство од XVIII век. Вазата и статуетата од порцелан ја доближуваат сликата до ориенталната уметност Стилот рококо во Велика Британија секогаш се сметал дека е „француски вкус“ и никогаш не бил широко усвоен како архитектурен стил, иако неговото влијание се чувствува силно во некои области како изработувањето на предмети од сребро, порцелан и свила. Томас Чипендејл го адаптирал и го прочистил стилот, и со тоа го преобразил дизајнот на британскиот мебел. Вилијам Хогарт помогнал во развивањето на теоретска основа за убавината на рококото. Иако не упатувал директно на ова движење, во своето дело „Анализа на убавината “ (1753 година, „ Analysis of Beauty “) тврдел дека брановидните линии и линиите закривени во форма на буквата Ѕ карактеристични за рококо стилот се основа за грациозност и убавина во уметноста или природата (што не е случај со правата линија и кругот во класицизмот). Се смета дека развитокот на рококо стилот во Велика Британија е поврзан со оживувањето на интересот за Готската архитектура во XVIII век.

Крајот на рококо стилот започнал во раните 1760-ти години кога некои познати личности како Франсоа Волтер и Жак-Франсоа Блондел започнале да ја критикуваат оваа уметност како површна и изопачена. Блондел го осудувал „бесмислениот неред од школки, змејови, треви, палми и растенија“ во современите ентериери. До 1785 година, рококо стилот излегол од мода во Франција и бил заменет со редот и сериозноста на неокласичните уметници како Жак-Луј Давид. Во Германија, рококото од доцниот 18 век го исмевале со зборовите „Zopf und Perücke“ (перче и перика) и го нарекувале Zopfstil. Стилот останал познат во француските провинции и во Италија сè до втората етапа на неокласицизмот, Ампир, кој пристигнал со Наполеоновите владеења и го збришал рококото.

Помеѓу 1820 и 1870 година повторно се јавил интерес за стилот рококо. Британците биле меѓу првите да го оживеат „стилот Луј XIV“ како што тој на почетокот бил погрешно наречен. Плаќале високи цени за да купат половни луксузни добра кои во Париз едвај можеле да се продадат. Но истакнати уметници како Ежен Делакроа и владетели како царицата Евгенија исто така ја откриле повторно вредноста на грациозноста и разиграноста на уметноста и дизајнот.

Стилот рококо во различни видови уметност Мебел и украсни предмети мини|десно|Карактеристично за стилот е неговата антиархитектурална интеграција на материјали и форми што се одгледува кај огледалото и украсите од штуко во рококо стил, во палатата во Лудвигсбург Веселите теми и заплетканиот дизајн на рококо стилот најдобро се претставувал на поинтимно ниво од она на барокната архитектура и вајарство, кои биле наметливи. Не изненадува тоа што францускиот рококо стил бил присутен во домашните простории. Како што високите француски класи настојувале да ги опремат своите домови во стилот што тогаш бил во мода, металните предмети, порцеланските фигури и особено мебелот се издигнале на повисоко ниво.

Стилот рококо претпочитал несиметричност, вкус кој бил нов за Европскиот стил. Оваа практика на поставување на елементите надвор од рамнотежа со цел да се постигне ефект се нарекува контраст. (contraste).

За време на периодот рококо мебелот бил и физички и визуелно весел. Поимот мебел се претворил во симбол на статусот и зазел улога во удобноста и разноликоста. Мебелот можел лесно да се разместува кога имало собири. Така се појавиле многу специјализирани форми на мебел како што се фотелјата, тапацираните столици и мали столици. Имало промени во дизајнот на овие столици од типот на одделени меки потпирачи за раце, продолжени меки потпирачи за грб и одделни перничиња за седење. Исто така мебелот бил слободно поставен наместо да биде прицврстен за ѕидот, со цел да се истакне веселата атмосфера и разноликоста на сите парчиња мебел. Во производството на мебел махагонот се користел често поради неговата цврстина, а тоа било причина многу столици од тоа време да немаат потпирачи за нозе. Исто така, огледалата закачени над камините станале уште попознати кога се развило необработеното стакло.

Во творбите од периодот кога рококо стилот бил најразвиен, како што е „Собна маса“ (Table d'appartement) (околу 1730 година) на германскиот дизајнер Ж. О. Месонје кој работел во Париз, не постои никаква поврзаност со рамна површина – дури и мермерната плочка на врвот е обликувана. Основата, ногалките, и подножјето се обединети во еден тек од спротивставени извиени делови во формата на С и од камчиња. Јазолот на подножјето го покажува асиметричниот „контраст“ кој бил иновација во рококо стилот.

мини|лево|Модел на маса од Жуст-Орел Месонје, Париз, околу 1730 година Стилот најмногу бил прикажуван и признат во „малите“ и декоративните уметности, и имал тенденција да ги затемнува традиционалните прифатени форми и структури или пак да се оддалечува од нив. Поради ова, противниците сметале дека стилот бил несоодветен за поголеми проекти и не го признавале како вистински архитектурен стил.

Династиите на париските столари, од кои некои со германско потекло, развиле стил за површини извиткани во три димензии (испакнати), каде што соодветни фурнири (лепењето на фурнири било во стагнација) или имитации на вернис мартин лесно се надополнувале со полици од позлатена бронза (ormolu). Познати имиња се: Антоан Годро, Шарл Кресен, Жан-Пјер Латс и Жан-Франсоа Обен.

Француските дизајнери како Франсоа де Кивилје, Никола Пино и Бартоломео Растрели лично ги воведувале стиловите во Минхен и Санкт Петербург, додека германецот Жуст-Орел Месонје ја основал својата кариера во Париз. Водечките духови на парискиот рококо стил биле мала група на независни трговци, претходници на модерните молери, предводена од Симон-Филип Поарие. мини|десно|Апстрактен и асиметричен рококо декор – таван од штуко во Новиот замок во Тетнанг

Стилот на францускиот мебел останал донекаде порезервиран, поради тоа што украсите главно биле од дрво, или, според модата на резбање на дрво, помалку цврсти, понеприродни и поневесели во мешањето на природните со вештачките форми од секаков вид (пр. Мотиви со растенија, репрезентации на сталактити, гротескност, маски, имплементација на разни професии, беџови, слики, драгоцени камења).