Германија — најголемата национална економија во Европа, четврта најголема по номинален БДП во светот и петта по БДП (ПКМ). Уште од времето на индустријализацијата, земјата била носител, иноватор и корисник на сè поглобализираната економија. Економската политика на Германија е заснована на замислата на социјална пазарна економија. Земјата е основач на Европската унија и еврозоната.Alfred Dupont CHANDLER, Takashi Hikino, Alfred D Chandler, Scale and Scope: The Dynamics of Industrial Capitalism 1990 Германија е трет најголем извозник во светот со 1,516 трилиони $ во 2012 година. Извозот претставува повеќе од една третина од националниот производ. Во 2013 година, Германија го забележала највисокиот трговски суфицит во светот, вреден 270 млрд. $, правејќи ја најголем извозник на капитал во глобални рамки.

Германија е најголем производител на лигнит во светот. Германија е исто така богата со дрво, железна руда, поташ, сол, ураниум, никел, бакар и природен гас. Енергијата во Германија главно е обезбедувана од фосилни горива, а по нив доаѓаат јадрената енергија и обновливите енергии, како биомасата (дрво и биогорива), ветер, хидро и сончева енергија.

Услужниот сектор придонесува со околу 70% од вкупниот БДП, индустријата со 29,1%, а земјоделството со 0,9%. Најголем дел од производите во земјата се од областа на инженерството, особено автомобили, машини, метали и хемиски производи. Германија е водечки производител на ветерни турбини и технологија за сончева енергија во светот.Ветерна енергија Сојузно министерство за економија и технологија (Германија) 30 ноември 2006. Поврзаноста на производството насочено кон услугите,http://mpra.ub.uni-muenchen.de/38995/2/MPRA_paper_38995.pdf трошоците за истражување и развој, врските помеѓу индустријата и високообразовните институции, меѓународната соработка и малите и средни претпријатија придонесуваат за севкупната конкурентност на економијата на Германија.http://liu.diva-portal.org/smash/get/diva2:20750/FULLTEXT01

Германија е врвно место во светот за трговските саеми. Околу две третини од водечките трговски саеми во светот се одржуваат во Германија. Најголеми годишни меѓународни трговски саеми и конгреси се одржуваат во неколку германски градови, како што се Хановер, Минхен, Франкфурт и Берлин.

Од 500. најголеми компании на берзите во светот мерено според приходите, Fortune Global 500, 37 се со седиште во Германија. Во 2012 година, десет најголеми биле Фолксваген, Алијанц, E.ON, Дајмлер, Сименс, Метро, Германски телеком, Минхен Ре, БАСФ и БМВ. Други големи германски компании се: Бош, ТисенКруп, Континентал, МАН и Трумпф (различни индустрии); КУКА (роботика); Бајер и Мерк (фармацевтска индустрија); Адидас и Пума (облека и чевли); Комерцбанк и Дојче Банк (банкарство и финансии); Германски железници (железнички превоз); Алди, Лидл и Едека (малопродажба); САП (компјутерска програмска опрема); Инфинеон (полупроводници); Хенкел и Миле (домаќинство и трајни производи); Германска пошта (логистика); Бертелсман (масовни медиуми); и Хуго Бос (луксузни добра). Добро познати глобални брендови се Мерцедес Бенц, БМВ, Адидас, Ауди, Порше, Фолксваген, Бајер, БАСФ, Бош, Сименс,Луфтханза, САП и Нивеа., Businessweek. 26 ноември 2007.

Историја

Уште од времето на индустријализацијата, земјата била носител, иноватор и корисник на сè поглобализираната економија. Германија е една од земјите основачи на ЕУ, Г8 и Г20 и била најголем светски извозник од 2003 до 2008 година. Во 2011 година, станала втор најголем извозник и трет најголем увозник. Создава трговски суфицит од 270 млрд. $, правејќи ја најголем извозник на капитал глобално.

Германија е единствената земја помеѓу првите пет извозници на оружје, која не е постојана членка на Советот на безбедност на ОН.

Време на индустријализација

мини|лево|Фабрика за возови на Август Борзиг во 1847 година.

Пред 1850 година, Германија доцнела зад предводниците во индустрискиот развој, Британија, Франција и Белгија. Од 1850 година, германските држави започнале да ги достигнуваат, а до 1900 година, Германија била светски предводник во индустријализацијата, заедно со Британија и САД. Во 1800 година, социјалната структура на Германија не била погодна за претприемништво или економски развој.

Реакцијата на Наполеоновите освојувања на германските земји во текот на ерата на Француската револуција (1790-ти до 1815), произвела значајни индустриски реформи, вклучувајќи го укинувањето на феудалните одредби на продажба на големи поседи, намалувањето на моќта на еснафите во градовите и воведувањето на нови поефикасни трговски закони. Сепак, традиционализмот останал силен во голем дел на Германија.

До средината на векот, еснафите, земјишното благородништво, црквите и владините бирократи имале толку многу правила и ограничувања кои на претприемништвото му давале мала можност за развој и успех. Од 1830-тите и 1840-тите, Прусија, Саксонија и другите држави направиле промени во земјоделството, воведувајќи ја шеќерната репа и компирите, давајќи поголем принос на производството на храна, кој им овозможил на дел од руралното население да се пресели во индустриските области.

Почетоците на индустриската револуција во Германија биле во текстилната индустрија и биле олеснети преку отстранување на царинските давачки преку Царинскиот сојуз, кој започнал во 1834 година. Полетната етапа на економскиот развој започнал со железничката револуција во 1840-тите, која отворила нови пазари за локалните производи, ја зголемила потребата за инженери, архитекти и вешти машинисти и поттикнала инвестиции во јаглен и железо.Richard Tilly, "Germany: 1815-1870" in Rondo Cameron, Banking in the Early Stages of Industrialization: A Study in Comparative Economic History (Oxford University Press, 1967), pages 151-182 Политичките одлуки во врска со економијата на Прусија (и по 1871 година на цела Германија) биле главно управувани од коалицијата на „’рж и железо“, односно земјопоседниците на истокот и тешката индустрија на западот.Cornelius Torp, "The "Coalition of 'Rye and Iron'" under the Pressure of Globalization: A Reinterpretation of Germany's Political Economy before 1914," Central European History Sept 2010, Vol. 43 Issue 3, pp 401-427

Третиот Рајх

мини|350п|Бруто-националниот производ и ценовниот индекс во периодот 1926-1939 во Германија. Извор: Од податоци на Сојузната статистичка служба

Нацистите дошле на власт за време кога невработеноста била многу висока, но за неколку години постигнала целосна вработеност благодарение на масовните програми за јавни работи, како што биле Царската железница, Царската пошта и Царските автопатишта. Во 1935 година била додадена и индустријата за оружје.

(милиони) Невработени Вработени август 1932 5,2 12,8 август 1933 4,1 14,1 август 1934 2,4 15,9 август 1935 1,7 17,1

Извор: Вајмарска и Нацистичка Германија од Стивен Џ. Ли

По финансиската криза во 1931 година била предложена економска политика на експанзивна фискална политика (откако Германија била надвор од златниот стандард) од страна на министерот за економија, Јалмар Шахт, кој во 1933 година станал претседател на централната банка. Јалмар Шахт подоцна се повлекол од функцијата во 1938 година и бил заменет од Херман Геринг.

Трговските политики на Третиот Рајх целеле кон самоодржливост, но со недостиг на суровини, Германија морала да одржува трговски врски, но со билатерални повластување, контроли, увозни квоти и извозни субвенции во рамките на она што се нарекувало „Нов план“ (Neuer Plan) од 19 септември 1934 година.Hans-Joachim Braun, "The German Economy in the Twentieth Century", Routledge, 1990, p. 101 „Новиот план“ бил заснован на трговија со помалку развиените земји кои ќе тргувале суровинии за германските индустриски добра. Јужна Европа била повеќе посакувана од Западна Европа и Северна Америка, бидејќи таму немало трговски блокади.Hans-Joachim Braun, "The German Economy in the Twentieth Century", Routledge, 1990, p. 102 Оваа политика станала позната како „голема економска област“ (Grosswirtschaftsraum).

На крајот, нацистичката партија развила силни врски со големите претпријатијаArthur Schweitzer, "Big Business in the Third Reich", Bloomington, Indiana University Press, 1964, p. 288 и ги укинала трговските комори во 1933 година со цел да ја создаде Државната трудова служба (РАД), Германскиот трудов фронт (ДАФ) да ги постави работните часови, „организацијата Убавина на трудот“ (СДА) ќе ги постави работните услови и организацијата „Сила преку радост“ (КДФ) ќе ги обезбеди спортските клубови за работниците.

Западна Германија

мини|Фолксваген буба беше икона на западногерманската обнова.

Почнувајќи со замената на рајхсмарката со германската марка како платежно средство, долготрајниот период на ниска инфлација и брзиот индустриски раст бил надгледуван од владата предводена од германскиот канцелар Конрад Аденауер и неговиот министер за економија, Лудвиг Ерхард, кои ја издигнале Западна Германија од целосното воено уништување во една од најразвиените нации во современа Европа.

Наспроти популарното верување, Маршаловиот план, кој бил проширен да ја вклучи и Западна Германија откако било сфатено дека исклучувањето на западногерманската економија го забавува закрепнувањето на другите земји во Европа,"Pas de Pagaille!" , 28 јули 1947 не била главната сила зад економското чудо (Wirtschaftswunder). Износот на монетарна помош (која била во облик на заеми) добиени од Германија преку Маршаловиот план (околу 1,65 млрд. $ вкупно) била далеку помалку од износот што Германците морале да го платат како воени репарации и од трошоците што сојузниците им ги направија на Германците за тековните трошоци за време на окупацијата (околу 2,4 млрд. $ годишно).

Во 1953 година било одлучено дека Германија мора да отплати 1,1 млрд. $ од помошта што ја добила. Последната отплата била во јуни 1971 година. Меѓутоа, спорно е дека обновата би била можна без почетната економска поддршка, како и осовремувањето на инфраструктурата обезбедена од економскиот план за обнова.

Покрај овие фактори, напорната работа и долгите часови при полн капацитет кај населението во 1950-тите, 1960-тите и почетокот на 1970-тите и дополнителната работна сила добиена од илјадниците гастарбајтери („гости работници“ во буквален превод) ја обезбедиле неопходната основа за економскиот пресврт.

Источна Германија

До почетокот на 1950-тите, Советскиот Сојуз ги зазела репарациите во облик на земјоделски и индустриски производи и побарала понатамошни исплати за надомест на штета.Norman M. Naimark. The Russians in Germany: A History of the Soviet Zone of Occupation, 1945-1949. Harvard University Press, 1995. ISBN 0-674-78405-7 pp. 167-9 Долна Шлеска, која содржела рудници за јаглен, и Штетин, важно природно пристаниште, биле предадени на Полска.

Извозот од Западна Германија во 1988 година надминувал 323 млрд. долари. Во истата година, Источна Германија извезла стока вредна 30,7 млрд. долари; 65% кон другите комунистички држави. Источна Германија имала нула невработеност.

Во 1976 година, просечниот годишен раст на БДП бил околу 5,9%.

По повторното обединување

мини|До 2013 година, Германија е трет најголем извозник и трет најголем увозник во светот, правејќи најголем трговски суфицит како национална економија.

Германската економија практично стагнирала во почетокот на 2000-тите години. Најлоши резултати во растот биле постигнати во 2002 година (+1,4%), во 2003 (+1,0%) и во 2005 (+1,4%).Bruttoinlandsprodukt (Vierteljahres- und Jahresangaben) Statistisches Bundesamt. Невработеност исто така била хронично висока. Поради овие проблеми, заедно со стареењето на германското население, социјалниот систем се нашол под значителен напор. Ова довело владата да спроведе реформи за затегнување на ременот, Агенда 2010, вклучувајќи ги реформите на пазарот на трудот познат како Харц I - IV]].