Цемпин () — општина и најмалото приморско одморалиште на островот Узедом во округот Западна Померанија-Грајфсвалд, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа помеѓу Циновиц и Козеров на најтесниот дел на островот.

Цемпин се наоѓа на теснец на островот Узедом. Се наоѓа на рамките на Природниот парк Узедом е една од четирите т.н. Килибарни бањи на островот, поврзани со 12-километри долгата песочна плажа наречена Килибарна плажа.Остров Узедом: Килибарни бањи. на www.usedom.de. 10 октомври 2010. Другите три бањи се Лодин, Козеров и Икериц.

Местото е достапно преку сојузниот автопат Б111 и железничката станица.

Историја

Местото било спомнато првпат во 1571. Било опишано како земјоделство и рибарско село и оттогаш сменило повеќе власти. Хотелот на плажата бил изграден во 1895, означувајќи го почетокот на Цемпин како приморско одморалиште. Во 1911 била изградена железничката линија, приклучувајќи се на германскиот бањски сојуз во 1928 и во 1933 била изградена крајбрежната патека.

Помеѓу 1943 и 1945 во шумата помеѓу Циновиц и Цемпин биле изградена три рампи за ракетите Фау 1 за пробни тестови. Денес се останати некои остатоци од нив. Во 1956 бил создаден камп и од 1990, Цемпин бил национално признаен како приморско одморалиште.

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Западна Померанија-Грајфсвалд Категорија:Померанија (покраина)