Катуниште — археолошко наоѓалиште во преспанското село Болно. Претставува населба од римско време. Се наоѓа на 1 км западно од селото, на мала височинка од левата страна на патот Ресен — Болно, а непосредно до раскрсницата на патот Евла — Петрино, каде на површина од 2-3 ха, при обработувањето на земјата мештаните откривале темели од објекти, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, имбрекси и друг градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Глабок Дол — осамен наод од доцноантичко време; Селиште — населба и топилница од средниот век; Болно; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи
Категорија:Болно