Пирк — археолошко наоѓалиште во преспанското село Отешево. Претставува утврдена населба од хеленистичко време. Се наоѓа на 1 км северно од туристичката населба, над месноста Сирхан, каде се издига гребен со зарамнето плато на кое се среќаваат фрагменти од керамички садови. Висорамнинката била прекопана со ровови во Првата светска војна.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Черти Камен — светилиште од ран среден век; Камара — населба од доцноантичко време; Св. Атанас — црква некропола од римско време; Сирхан — осамен наод од римско време; Отешево; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;

Наводи

Категорија:Отешево