Арапски Гробишта — археолошко наоѓалиште во преспанското село Подмочани. Претставува населба и топилница од доцноантичко време. Се наоѓа во подножјето на Баба Планина, на 2 км североисточно од селото, каде на простор од неколку декари се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, градежен материјал и згура од топена железна руда.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Горици — населба од римско време; Горно Дрмче — осамен наод од доцноантичко време; Грнчарско Селиште —црква од средниот век; Кирејца — населба од доцноантичко време; Св. Ѓорѓи — некропола од римско време; Подмочани; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;

Наводи

Категорија:Подмочани