Кале — археолошко наоѓалиште во преспанското село Петрино. Претставува утврдена населба од римско време и среден век. Се наоѓа на околу 8–9 км западно од селото, високо во Петринска Планина на една височинка со зарамнето плато, со површина од 150 × 40 м, на која се гледаат остатоци од одбранбен ѕид, широк 1 м, ѕидан од кршен камен и варов малтер. На површината, освен градежен материјал, има и фрагменти од керамички садови. Со оглед на близината на патот Вија Егнација, Томо Томоски претпоставува дека Кале би можела да биде патната станица Брикида.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Старо Село — црква и некропола од средниот век; Петрино; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи
Категорија:Петрино