Горици — археолошко наоѓалиште во преспанското село Подмочани. Претставува населба од римско време. Се наоѓа северно од селото, на две височинки што доминираат над околниот терен, каде се среќаваат остатоци од населба, поточно, фрагменти од керамички садови, тегули и грамади од градежен материјал. Наоѓалиштето е познато уште под топонимите Корија и Сто Куќи.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Кирејца — населба од доцноантичко време; Горно Дрмче — осамен наод од доцноантичко време; Грнчарско Селиште —црква од средниот век; Арапски Гробишта — населба и топилница од доцноантичко време; Св. Ѓорѓи — некропола од римско време; Подмочани; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи
Категорија:Подмочани