Певчиња познато и како Градиште или Варници — археолошко наоѓалиште во преспанското село Стење. Претставува населба и некропола од римско време. Се наоѓа на брегот на Преспанското Езеро, на околу 500 м југоисточно од селото, каде со експлоатацијата на песок од страна на градежните претпријатија биле откривани темели од објекти и гробови од големи камени плочи. Исти објекти се појавуваат и повнатре во езерото при опаѓањето на нивото на водата.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Трафостаница — некропола од средниот век; Св. Атанас — црква од старохристијнско време; Лозјата — населба од неолитско време; Четкарица — населба од доцноантичко време; Кула — тврдина од средниот век; Стење; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;

Наводи

Категорија:Стење