Државната изборна комисија или ДИК според Уставот на Република Македонија е надлежна за спроведување на сите избори во Република Македонија. ДИК е составена од претседател, потпретседател и членови. Сите членови на ДИК ги избира Собранието на Република Македонија, по претходен политички консензус.

Избор и состав Државната изборна комисија е составена од седум членови (претседател, потпретседател и пет други членови). Тие функцијата ја вршат професионално, со право на повторен избор. Нивниот мандат е четири години, а се избираат во рок од 60 дена од денот на одржувањето на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија. Политичките партии во опозиција предлагаат претседател и двајца членови на ДИК, a партиите на власт предлагаат потпретседател и тројца членови на ДИК. Сите нив ги избира Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Кандидатите за членови на ДИК треба да бидат државјани на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија, да се дипломирани правници со најмалку осум години работно искуство како правници и да не бидат членови на орган на политичка партија.

Досегашни претседатели на ДИК Досегашни претседатели на ДИК биле:„Непартиски човек, стручен и отпорен на притисоци“, „Нова Македонија“ Никола Коневски, 1990-1994Службен весник на СРМ, 31/1990, 25 стр. Петар Најдaнов, 1994Службен весник на РМ, 48/1994, 3-4 стр.-1995 Лилјана Ингилизова - Ристова, 1995-1999 Јосиф Луковски, 1999-2002 Мирјана Лазарова-Трајковска, 2002-2003 Стево Пендаровски, 2004-2006 Јован Јосифовски, 2006 Александар Новаковски, 2006-2011 Борис Кондарко, 2011-2013 Никола Рилковски, 2013-2015 „Никола Рилковски – нов претседател на ДИК“ , „Телеграф“, 21 ноември 2013. Александар Чичаковски 2015-2017 Оливер Дерковски 2018-2021 Собранието го избра новиот состав на ДИК Александар Даштевски 2021- 2024 Борис Кондарко, 2024 - 2026 Бојан Маричиќ, 2026-

Поврзано Избори во Македонија

Наводи

Надворешни врски Официјална страница

Категорија:Управување со Македонија Категорија:Државна изборна комисија на Македонија