Кангченѕунга — трета највисока планина во светот. Се издига на 8,586 метри надморска височина во пределот на Хималаите наречен Кангченѕунга Химал (Kangchenjunga Himal) којшто на западот се граничи со реката Тамур и на исток со реката Теста. Кангченѕунга е сместена на границата помеѓу Непал и индиската држава Сиким.Dhar, O. N. and S. Nandargi (2000). An appraisal of precipitation distribution around the Everest and Kanchenjunga peaks in the Himalayas Weather 55 (7): 223–234
Прво искачување Во 1955 година, Џо Браун и Џорџ Бенд првпат се искачиле на планината на 25 мај, останатите членови од тимот, Норман Харди и Тони Стритер се искачиле следниот ден на 26 мај. Целокупната група била сочинувана и од Џон Клег (докторот во групата), Чарлс Еванс (водич), Џон Енџело Џексон, Нил Матер и Том Мекинон.
Прво македонско искачувње Прв Македонец кој го искачил овој врв е Сашко Кедев, на 23 мај 2025 година.
Наводи
Надворешни врски
Обидот на Алистер Кроули за искачување на Кангченѕунга во 1905 година Kangchenjunga History детална историја на планината и обидите за нејзино искачување. Слики Слики кои ги прикажуваат промените на ледниците на Кангченѕунга во последните 24 години.
Категорија:Планини во Непал Категорија:Планини во Индија Категорија:Осумилјадници Категорија:Највисоки точки на земјите Категорија:Меѓународни планини во Азија