Петалинско Кале — археолошко наоѓалиште во битолското село Скочивир. Претставува населба од железно време. Се наоѓа на 5 км источно од селото, во непосредната близина на местото каде од патот Скочивир - Старавина се издвојува крак за Јелак, на висок и природно заштитен рид што се издига над десниот брег на Црна Река. На зарамнетиот врв, по површината се среќаваат многубројни фрагменти од керамички садови.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Марково Кале — населба од железно време; Градиште — населба од железно време; Скочивир; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Скочивир