Алицинот е органосулфурно соединение добиено од лукот, растение од фамилијата Alliaceae. Од ова соединение потекнува мирисот на сечен лук, бидејќи кога лукот се сече ензимот алииназа го претвора алиинот во алицин. Добиениот алицин е нестабилен и брзо се претвора во други сулфурни соединенија како диалил дисулфид. Алицинот покажува антибактериска, антигабична, антивирусна и антипротозоична активност.
Наводи
Категорија:Органски соединенија Категорија:Антиоксиданси Категорија:Прехранбени антиоксиданси Категорија:Противгабични лекови Категорија:Лук