Битката кај Мека — битка која се одвила во периодот од јуни до јули 1916 година. На 10 јуни Хусеин бин Али, управителот на градот, започнал востание против османлискиот калифат како дел од Арапското востание.

Заднина

Целта на Хусеин била да направи една арапска држава која ќе ги зафаќала териториите од Алеп до Аден, и за оваа цел ги подготвил своите четири синови правејќи сојуз со Британците.

Конфликт

Во почетокот на јуни 1916 година поголемиот дел од османлиската војска била стационирана во градот Таиф на чело со Галиб Паша, гувернерот на Хиџас. Само околу 1,000 војници биле оставени да го бранат светиот град. Поголемиот дел од нив се наоѓале во касарната кога започнало официјално востанието. По овој напад, околу 5,000 востаници започнале напад кон трите тврдини кои се наоѓале околу Мека. Самиот турски командант не можел да направи разлика меѓу своите и противничките војници, па збунет му се јавил на Хусеин, кој пак го запознал со своите намери и му кажал дека е потребно да се предаде, но по одбивањето борбите продолжиле. Следниот ден била освоена територијата околу џамија Масџид ал-Харам заедно со османлиската владина канцеларија заедно со заменик гувернерот, кој им наредил на своите сили да се предадат но тие одбиле. Ситуацијата се променила кога Британците испратиле артилерија по кое тврдината била нападната и на 4 јули 1916 година заземена.

Последици

Оваа битка го означил крајот на османлискиот калифат во земјата. Самиот управител бил соборен од власт од страна на Ибн Сауд и неговиот сон за основање на арапска држава од Јемен до Сирија останал нереализиран.

Поврзано Арапско востание Опсада на Медина

Наводи History of the Arab Revolt (on King Hussein's website) Arab Revolt at PBS

Lawrence, T. E. (1935). Seven Pillars of Wisdom. Doubleday, Doran, and Co.

Категорија:Судири во 1918 година Категорија:Отоманското Царство во Првата светска војна Категорија:Битки на Отоманското Царство во Првата светска војна Категорија:Историја на Мека Категорија:Битки во Арапското востание