Карим Лариби (роден на 20 април 1991) — туниски фудбалер роден во Италија, играч од средниот ред на Чезена и на туниската репрезентација.
Технички одлики Игра по левата страна во средниот ред со многу офанзивни одлики.Palermo, la Primavera che... non c'è Tuttopalermo.net
Кариера Тој бил дел од младинската школа на Интер (како и неговиот постар брат Омар)Profilo su Campionatoprimavera.com а, подоцна и на Фулам и Палермо, откако вториот клуб го купува на 19 август 2009 година. По една сезона во Примавера тимот на Палермо, во 2010 година бил преотстапен на позајмица со право на откуп во Фоџа во Лега Про Прима Дивизионе,Ufficiale: Laribi in prestito al Foggia Tuttopalermo.net, каде одиграл одлична сезонаFoggia, a forza 5 grazie ad un grande Laribi Tuttopalermo.net 28 натпревари и 4 гола под водство на Зденек Земан.
На 1 јули 2011 година отишол во Сасуоло на позајмица со право на откуп,Ufficiale: Palermo, Laribi, Cappelletti e Terranova al Sassuolo Tuttopalermo.net и настапил на 7 натпревари, постигнувајќи еден гол во Серија Б. Во летото 2012 година е откупен од неровердите.Sassuolo calcio: Riscattati Laribi e Marzorati Calciomercato.com
На 18 мај 2013 година, со девет настапи придонел за освојувањето на титулата во Серија Б и промоција во Серија А следната сезона со тимот предводен од Еузебио Ди Франческо. Следната сезона го направил своеото деби во Серија А во првото коло од сезоната, во натпреварот на гости против Торино кој неговиот тим го загубил со 2-0; Лариби влегол во игра како замена на местото на Франческо Мањанели во 79-тата минута.
На 8 јануари 2014 отишол на позајмица до крајот на сезоната со право на откуп во Латина.Ufficiale: Karim Laribi è del Latina. Uslatinacalcio.it Во 41-вото коло го постигнал својот прв гол во оваа сезона, благодарение на двата гола во натпреварот Чезена-Латина (1-3). Во вториот натпревар од плеј-офите на Серија Б погодил во мрежата на Бари на домашен терен за моментално водство од 2-1; конечниот резултат бил 2-2 со кој Латина се избориле за финале.
Тој се вратил во Сасуоло откако истекол заемот во Латина. На 23 јули 2014, отишол на позајмица во Болоња.
Својот прв гол во дресот на рособлу го постигнал против Читадела, на 27 септември 2014 година.
Титули Сасуоло Серија Б (1) : 2012-13.
Надворешни врски Карим Лариби на soccerway Карим Лариби на transfermakt
Наводи
Категорија:Туниски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери на ФК Фулам Категорија:Фудбалери на ФК Палермо Категорија:Фудбалери на Сасуоло Калчо Категорија:Фудбалери на ФК Болоња Категорија:Фудбалери на ФК Чезена Категорија:Фудбалери на ФК Верона Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Родени во 1991 година