Џорџ Смит ( - ) — американски научник, применет физичар, икопронаоѓач на CCD-то. Тој бил награден со една четвртина од Нобеловата награда за физика за „за пронаоѓањето на сликовното полупроводничко коло — CCD-сетилникот“..

Животопис

Смит е роден во Вајт Плејнс, Њујорк. Тој служел воен рок во американската морнарица, и дипломирал на Пенсилванискиот универзитет во 1955 година а својот докторат го стекнал на Чикашкиот универзитет во 1959 година со дисертација од само 8 страници. Тој работел во Беловите лаборатории во Муреј Хил, Њу Џерси од 1959 до неговото пензионирање во 1986 година, каде тој го водел истражувањето во нови ласери и полупроводнички направи. За време на неговиот работен ангажман, Смит бил награден со дузина на патенти и накрај станал раководител на оделот за VLSI направи..

Во 1969 година, Смит и Вилард Бојл го создале CCD-то, за чие откривање биле наградени од Френклиновиот институт со Балентајнов медал во 1973 година, во 1974 година ја добива Либмановата награда, а во 2006 година Драперовата награда, а во 2009 година Нобеловата награда за физика.

Заедно Бојл и Смит биле искусни морепловци кои многупати пловеле заедно. По пензионирањето Смит го препловил светот заедно со својот долгогодишен животен сопатник, Џенет, во период од 17 години, откажувајќи се од своето хоби во 2003 година изјавувјаќи дека тоа го сторил „за да ги поштеди крцкавите коски од понатамошни бури.“ Тој моментално живее во Вејртаун, Њу Џерси.Staff. "NJ man's discovery lands Nobel Prize" , WPVI-TV, October 6, 2009. Accessed November 27, 2013. "George E. Smith, 79, holds a display with a photograph of the first video telephone and some early CCD chips at his home in Waretown, N.J., Tuesday, Oct. 6, 2009, after it was announced that he had won the Nobel Prize in physics."

Наводи

Надворешни врски

Invention Hall of Fame Biography Amateur Radio licensee Interview in Czech TV December 2013 ,

Категорија:Американски физичари Категорија:Американски нобеловци Категорија:Членови на Американската академија на инженерството Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Апсолвенти на Чикашкиот универзитет Категорија:Апсолвенти на Пенсилванискиот универзитет