УЕФА Лига на шампиони 1997/98 — 6. сезона на најсилното натпреварување на европските фудбалски клубови под името УЕФА Лига на шампиони и 43. сезона од основањето на натпреварувањето.

Финалето било одиграно на 20 мај 1998 година на Амстердам арена во Амстердам, каде што Реал Мадрид со резултат 1:0 издвоил победа над Јувентус, којшто го играл своето трето финале по ред, со тоа освојувајќи го седмиот трофеј во најсилното европско натпреварување (последен пат во 1966). Бранителот на титулата од претходната година, Борусија Дортмунд испаднала во полуфиналето, каде во двомеч била поразена од Реал Мадрид.

Ова била првата сезона во која што групната фаза била составена од шест групи, за разлика од претходните сезони кога во групната фаза имало четири групи. Така што премин во четвртфиналето покрај победниците во групите обезбедиле и двете најдобри второпласирани екипи од групната фаза. Оваа сезона исто така била првата сезона во која што имало две кола во квалификациската фаза наместо едно. По три години натпреварување во УЕФА Купот, прваците од послабо рангираните држави се вратиле во Лигата на шампионите, додека за првпат во натпреварувањето влегле и вицешампионите од највисоко рангираните држави.

Квалификации Прво квалификациско коло Првите натпревари биле одиграни на 23 јули, а реванш натпреварите на 30 јули 1997 година.

Второ квалификациско коло Првите натпревари биле одиграни на 13 август, а реванш натпреварите на 27 август 1997 година. Поразените екипи од второто квалификациско коло од натпреварувањето го продолжиле своето учество во првото коло од УЕФА Купот.

Натпреварување по групи Натпреварувањето по групи било одиграно од 17 септември до 10 декември 1997 година. Група А

 ГАЛБДСПАПАР Галатасарај–0:12:01:1 Борусија Дортмунд4:1–4:12:0 Спарта Прагa3:00:3–0:0 Парма2:01:02:2–  Табела 1. Борусија Дортмунд6501143+11152. Парма623165+193. Спарта Прагa6123611-554. Галатасарај6114411-74

Група Б

 ЈУВФЕЈКОШМЈ Јувентус–5:13:21:0 Фејенорд2:0–2:01:3 Кошице0:10:1–0:3 Манчестер Јунајтед3:22:13:0–  Табела 1. 6501143+11152. 6402128+4123. 6303810-294. 6006213-110

Група Ц

 ЊЈБАРПСВДК Њукасл Јунајтед–3:20:22:0 Барселона1:0–2:20:4 ПСВ Ајндховен1:02:2–1:3 Динамо Киев2:23:01:1–  Табела 1. Динамо Киев6321136+7112. ПСВ Ајндховен623198+193. Њукасл Јунајтед621378-174. Барселона6123714-75

Група Д

 РМРОЗОЛИПОР Реал Мадрид–4:15:14:0 Розенборг2:0–5:12:0 Олимпијакос0:02:2–1:0 Порто0:21:12:1–  Табела 1. Реал Мадрид6411154+11132. Розенборг6321138+5113. Олимпијакос6123614-854. Порто6114311-84

Група Е

 БМБЕШПСЖГЕТ Баерн Минхен–2:05:10:1 Бешикташ0:2–3:11:0 Пари Сен Жермен3:12:1–3:0 Гетеборг1:32:10:1–  Табела 1. Баерн Минхен6402136+7122. Пари Сен Жермен64021110+1123. Бешикташ620469-364. Гетеборг620449-56

Група Ф

 СПОМОНБАЈЛИР Спортинг Лисабон–3:00:22:1 Монако3:2–4:05:1 Баер Леверкузен4:12:2–1:0 Лирс1:10:10:2–  Табела 1. Монако6411158+7132. Баер Леверкузен6411117+4133. Спортинг Лисабон6213911-274. Лирс6015312-91

Рангирање на второпласираните екипи Клуб Баер Леверкузен6411117+413 Јувентус6402128+412 Пари Сен Жермен64021110+112 Розенборг6321138+511 ПСВ Ајндховен623198+19 Парма623165+19

Четвртфинале Првите натпревари се одиграле на 4 март, а реванш натпреварите на 18 март 1998 година.

Полуфинале Првите натпревари се одиграле на 1 април, а реванш натпреварите на 15 април 1998 година.

Финале

Поврзано Куп на победниците на куповите 1997/98 УЕФА Куп 1997/98

Наводи

Надворешни врски Информации за сезоната 1997/98 на официјалниот портал на УЕФА Резултати Спортска историја 1997/98

Категорија:Сезони во УЕФА Лига на шампиони