Мехмет Тобиас Шол (роден како Мехмет Тобиас Јуксел на 16 октомври 1970 година, во Карлсруе) — поранешен германски фудбалер, играч од средниот ред.

Тој е еден од најпознатите и најславните германски фудбалери.

Кариера Мехмет е син на Ергин и Хела Јуксел, турчин и германка, а презимето Шол го зел од Херман Шол, вториот сопруг на мајката. Тој ја започна својата кариера во Карлсруе, каде го направил своето деби меѓу професионалците во 1989. Во 1992 направил трансфер во Бајерн Минхен, клуб во кој ја завршил кариерата во 2007.

Со баварскиот клуб освоил сè што може да се освои, a тој го држи рекордот за најмногу освоени титули во Бундеслигата од еден играч, со вкупно 8 титули и сите тие со Бајерн Минхен. Со клубот, исто така, го освоил Купот на УЕФА 1995-96 и Лигата на шампиони 2000-2001.

Кариерата ја завршил на 15 август 2007, после пријателскиот натпревар помеѓу Бајерн Минхен и Барселона на Алијанц Арена во Минхен, кој завршил 1-0 за шпанците со голот на Меси. Шол бил заменет од страна на Франк Рибери, кој штотуку бил купен од страна на баварскиот тим и токму тој го наследил бројот на Шол, бројот 7.

Титули Клупски Бајерн Минхен Бундеслига (8) : 1993-1994, 1996-1997, 1998-1999, 1999-2000, 2000-2001, 2002-2003, 2004-2005, 2005-2006 Куп на Германија (5) : 1997-1998, 1999-2000, 2002-2003, 2004-2005, 2005-2006 Лига куп на Германија (5) : 1997, 1998, 1999, 2000, 2004 Куп на УЕФА : 1995–96 УЕФА Лига на шампиони : 2000–01 Интерконтинентален куп : 2001

Репрезентативни УЕФА Европско Првенство : 1996

Надворешни врски

Мехмет Шол на transfermarkt Мехмет Шол на soccerway Мехмет Шол на espn Репрезентативна статистика на RSSSF.com

Категорија:Живи луѓе Категорија:Германски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Бајерн Минхен Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Родени во 1970 година