Вал Логсдон Фич ( – ) — американски јадрен физичар. Роден во Мериман, Небраска, тој основното образование го завршил во месното училиште и се запишал на Државниот колеџ „Чадрон“ каде се образувал три години пред да биде мобилизиран во американската армија во 1943 година. Фич подоцна дипломирал на Универзитет „Мекгил“ со диплома за електрично инженерство во 1948 година и го завршил својот докторат по физика во 1954 година на Колумбискиот универзитет. Во Втората светска војна, работел на проектот Менхетен во Лос Аламос, Ново Мексико. Тој бил член на факултетот Принстон.
Фич и неговиот соработник Џејмс Кронин биле наградени со Нобелова награда за физика во 1980 година за нивниот експеримент по физика од 1964 година за променливо градиентскиот синхотрон при Брукхејвенската национална лабораторија кој покажал дека субатомските реакции не се потчинуваат на основните начела на симетријата. Особено, тие докажале, со испитувањето на распадот на K-мезоните, дека реакцијата која се одвива во спротивна насока не ја следи истата патека на оригиналната реакција, која покажала дека ракцииите на субатомските честички не се независни од времето. Па на овој начин е откриено CP- нарушувањето.
Фич бил член на одборот на спонзори на Билтен на атомските физичари и на одбранбената советодавна група JASON.
Животопис
Фич е роден на ранч за добиток во Мериман, Небраска, на 10 март 1923 година. Тој бил најмладиот од трите деца. Неговиот татко, Фред Фич, бил тешко повреден пријавање на коњ и не бил во можност повеќе да работи на ранчот. Па од овие причини семејството се преселило во блискиот град Гордон, Небраска, каде татко му започнал да се занимава со продажба на осигурителни полиси.
Како војник за време на Втората светска војна, Фич бил испратен во Лос Аламос да работи на проектот Менхетен. Ддека бил таму, тој се сретнал со познатите физичари Енрико Ферми, Нилс Бор, Џејмс Чедвик, Исидор Ајзек Раби и Ричард Толман. Вот ој период Фич работел во лабораторијата на Ернест Титертон, тој доста добро се запознал со техниките на експерименталната физика. По војната, Фич додипломско асистентско место на Корнел, но морал да заврши со своите додипломски студии, што го сторил на универзитетот „Мекгил“. За своите подипломски студии заминал Колумбискиот универзитет, каде работел под менторство на Џејмс Рејнвотер. За неговата теза, Фич осмислил и направил експеримент за да ги измери гама-зраците оддадени од егзотичните атоми (т.е. атоми кај кои електронот е заменет со мион).
По стекнувањето на докторатот, Фичовиот интерес се насочил кон чудните честичи и K мезоните. Тој се вработил на Принстон, каде ги поминал следните 20 години проучувајќи ги K мезоните. Неочекувано, тој открил дека распадот на неутралните К мезони не се покорува на CP симетријата. За ова откритие, Фич и неговиот студент Џејмс Кронин биле наградени со Нобелова награда за физика во 1980 година.
Фич починал на 91 годишна возраст на 5 февруари 2015 година во Принстон, Њу Џерси.
Личен живот
Фич има два сина од неговиот прв брак со Елиза Кунингам (?-1972), и три посиноци со негоцата втора сопруга, Дејзи Харпер, со која се оженил во 1976 година.
Објавени дела Fitch, V. "Some Notes on Wideband Feedback Amplifiers", Лос Аламошка национална лабораторија, Американско министерство за енергија, (16 март 1949). Fitch, V. "A High Resolution Scale-of-four", Колумбиски универзитет, Американско министерство за енергија, (25 август 1949). Fitch, V. L. "CP Violation, Neutral Currents, and Weak Equivalence", Принстон, Американско министерство за енергија, (23 март 1972). Cester, R.; Fitch, V. L.; Montag, A.; Sherman, S.; Webb, R. C. & M. S. Witherell. "Results on the Performance of a Broad Band Focussing Cherenkov Counter", Принстон, Американско министерство за енергија, (1980).
Наводи
Надворешни врски Photograph, Biography and Bibliographic Resources, from the Office of Scientific and Technical Information, United States Department of Energy
Research page from the Princeton University Physics department Val Logsdon Fitch the discovery of violations of fundamental symmetry principles in the decay of neutral K-mesons
Категорија:Американски нобеловци Категорија:Американски физичари Категорија:Јадрени физичари Категорија:Проект „Менхетн“ Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Носители на Националниот научен медал Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Честични физичари Категорија:Учесници во проектот „Менхетн“ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Колумбија“ Категорија:Американски јадрени физичари Категорија:Апсолвенти на универзитетот „МекГил“ Категорија:Членови на Американското филозофско друштво