Илија Атанасовски - Ико (, - , ) — македонски фудбалер и тренер, еден од основоположниците на самостојната македонска фудбалска федерација, првиот генерален секретар на ФФМ по приемот на Фудбалската федерација на Македонија во ФИФА и УЕФА.
Животопис Атанасовски е роден на 26 март 1950 во Тетово. Повеќе од половина век го посветил на фудбалот. Бил активен фудбалер во ФК Вардар, ФК Тетекс и ФК Југококта, тренер во ФК Југококта и ФК Македонија, функционер и автор на монографијата „Сите ние сме големо семејство на фудбалот“, монографија од 500 страници посветена на фудбалската историја на Македонија. Тој 14 години ја извршувал функцијата Генерален секеретар во ФФМ. Починал по долго боледување на 2 мај 2014година во Скопје.
Наводи
Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Тетекс Категорија:Фудбалери на ФК Македонија Ѓорче Петров Категорија:Фудбалски тренери од Тетово Категорија:Генерални секретари на ФФМ Категорија:Македонски публицисти