Горна Црква — археолошко наоѓалиште во прилепското село Дебреште. Претставува населба од доцноантичко време и црква од старохристијанско време. Се наоѓа на околу 400 м западно од селото, каде на поголема површина во подножјето на Лениште има фрагменти од керамички садови и питоси. Во горниот дел на наоѓалиштето лежи мала височинка на која се пронајдени остатоци од црква. Откопани се повеќе мермерни сполии кои се наоѓаат кај 2 месни жители.

Поврзано Селска Џамија — осамен наод од римско време; Бачилиште — населба од римско време; Градиште — населба од неолит до среден век; Загориче — населба и црква од средниот век; Кале — кастел од доцноантичко време; Млака — некропола од средниот век; Дебреште; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;

Наводи

Категорија:Дебреште