Битката кај Анхијал се одвила во 763 година во близина на Анхијал, денешна Бугарија, помеѓу силите на Византиското Царство и силите на Бугарија. Битката е дел од Византиско-бугарските војни, а завршила со победа на Византијците.

Оваа победа е една од најголемите на византискиот цар Константин V Копроним во текот на неговиот воен поход против Бугарија.

Позадина По големата победа на Бугарите во Битката кај Ришкиот превој во 759 година, Константин V започнал нов воен поход против Бугарија. Во самата Бугарија по Битката кај Ришкиот превој имало меѓусебни конфликти кои завршиле со победа на бојлите од родот Угаин. Иако имал успех против Византија, бугарскиот хан Винех бил убиен, а на негово место застанал Телец од родот УгаинЗлатарски, I/1: 276, 281.

Новиот владетел презел катастрофални напади во Тракија. Ова го принудило на византискиот цар да преземе повторен поход против Бугарите. Во јуни 763 година византиските војници на чело со Константин V се доближиле по копно до Анхијал, во непосредна близина на Стара Планина и бугарските граници. Посебна армија од скоро 10.000 коњаници била испратена против Бугарија по море со флота од 800 бродовиЗлатарски, I/1: 282..

Конфликт

Во очекување на византиска офанзива, Телец собрал 20.000 борци од сојузните племиња (најверојатно Словени) и зазел позиција околу денешниот Ајтос. Од непознати причини, бугарскиот владетел решил да ги напушти утврдените позиции и да ги нападне византиските војници. Тоа се случило на 30 јуни 763 година. Сместена меѓу Поморијското Езеро и Црното Море, византиската армија била заштитена од заобиколување.

Битката била долготрајна со големо крвопролевање. Конечно Телец бил принуден да се спасува со бегство. Византијците исто така имале големи загубиЗлатарски, I/1: 283.Жеков, Военната тактика .

Последици

Веднаш по победата Константин V се вратил во Цариград. Големиот број убиени, кои ги имала византиската армија, и фактот што сојузничките словенски племиња на Телец ја продолжиле заштитата на превоите на Стара Планина, го принудиле на Константин да се откаже од влегување во внатрешноста на БугаријаБешевлиев, 90.

По поразот при Анхијал во Бугарија продолжиле меѓусебните конфликти. Следен марш по копно и по море против Бугарите Константин V презел во 765 година, но овој потфат бил неуспешен заради бура, која ја уништила византиската флотаЗлатарски, I/1: 283-287.

Наводи

Литература Бешевлиев, В. Първобългари. История, Издателство на Отечествения фронт, София 1984 Жеков, Ж. Военната тактика на българите VII-IX век – Военноисторически сборник 2004, №3 (от „Военно издателство“, 28.11.2008) Златарски, В. История на българската държава през средните векове, том I, част 1, София 1970, Изд. „Наука и изкуство“ (от „Книги за Македония“, 28.11.2008)

Категорија:Бугарија во 8 век Категорија:Византија во 8 век Категорија:Битки во Византиско-бугарските војни Категорија:Поморие