Давид Аријанит (грчки: Δαυίδ Ἀρ [ε] ιανίτης) бил висок византиски командант на почетокот на 11 век, кој служел на византискиот цар Василиј II. Давид Аријанит зел активно учество во последните војни на император Василиј II против Самоиловото Царство.

Околу 1000 или 1002 година Давид Аријанит бил назначен за дук (управител) на Солун на местото на Никифор Уран, кој бил назначен за управител на Антиохија. Подоцна на местото на Давид Аријанит императорот го назначува Теофилакт Вотанијат..

По познатата битка кај Беласица во 1015 година следел походот на Давид Аријанит од Солун кон Струмица. Тој попат освоил две тврдини, Мацукион и тврдината ТермицаЗлатарски, с.717Мацукион (денес Мацукион — Мачуково — Евзони) лежи 5 км југоисточно од Гевгелија. Не знаеме каде се наоѓала Термица. Меѓутоа, поведени од крајната цел на Аријанит — да ја освои Струмица — историчарите од наше време ги ставале двете крепости во близина на тој град.. Во 1017 година тој командувал една од единиците кои го зазеле Пелагониското полеЗлатарски, История на българската държава, Том I, Част II, с. 725-728. Откако влегол во Скопје во 1018 година, императорот Василиј II го назначил за "стратег автократор" (ополномоштен стратег) на градот.

Наводи

Категорија:Византијци од 10 век Категорија:Византијци од 11 век Категорија:Византиски управници на Солун