Масли Чифлик — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во планински реон, на 17 километри западно од градот Петрич. Атарот на селото зафаќа простор од 5.481 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 326 метри.

Историја Османлиско Царство

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Мусли (Mousli) се состоело од 25 куќи од кои 55 жители муслиманиМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 150-151. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 130 жители, од кои 130 ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187..

Бугарија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во 1951 година, името на селото било променето во КладенциМичев, Николай, Петър Коледаров. „Речник на селищата и селищните имена в България 1878-1987“, София, 1989..

Население +Население на Масли Чифлик по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 67 95 178 110 90 85 83 54 38 39

+Население по возраст од 2011 година:

Наводи

Категорија:Општина Петрич Категорија:Села во Пиринска Македонија