Летот на шаторските крила е книга од авторот Мирослав Спироски од 2008 година, во издание на Аквариус пет Скопје. Во книгата се содржани 11 поглавја, вклучувајќи ги поговорот и биографијата на авторот. Книгата е посветена на студентските протести од 1997 година, на политичкото досие Марта, како и на активноста на Филип Петровски во тој период.
Содржина Книгата е поделена на следниве поглавја: Гревот на сенките Времето на мимозите Обид за изместување на патриотизмот Белешките Продолжена агонија Големата заблуда Загубена битка Спреени зла Добиена битка Поговор Биографија на Мирослав Спироски
Во книгата се вметнати фотографии и документи од приватната архива на Фили Петровски, меѓу кои се наоѓаат неколку страници од досието Марта. „Затоа секогаш летот на младите луѓе во животот посебно инспирира. Та, дури да е и со шаторски крила. Но, тоа очигледно не важи за сите. Да не заборавиме дека сме опкружени и со надежници за кои времево во кое битисуваме е некое чудно, та и пречудно... Да, ова е ново време и се вика сегашност...“Мирослав Спироски: „Летот на шаторските крила“, издание на Аквариус пет, Скопје 2008, стр. 36.
Наводи
Надворешни врски Напис за книгата
Категорија:Македонски книги Категорија:Македонски дела од 2008 година