Пашин амам (, ) — поранешна османлиска бања која се наоѓа во Солун, Грција.
Амамот се наоѓа меѓу улиците „Пиниос“, „Калвос“ и „П. Караџас“, во близина на црква „Св. Апостоли“.
Бањата била изградена во периодот од 1520 до 1530 година од Џезери Заде Коџа Касим Паша, еден од везирите на султаните Бајазит II и Селим I, кој бил назначен за гувернер на Солун, кога на престолот застанал Сулејман Величествениот. Во исто време, Касим Паша ја претворил црква „Св. Апостоли“ во џамија.
Категорија:Отомански амами во Грција Категорија:Исламот во Солун Категорија:Отоманска архитектура во Солун Категорија:Згради и градби во Солун