Свети Димитриј (позната и како Свети Димитрија) — селска црква во мариовското село Вепрчани, Македонија.Во „Картата на верски објекти во Македонија“ е запишана како манастир.
Поради подобри услови и и поширокиот простор во дворот на оваа црква се одржува прославата на селската слава Спасовден со голем општонароден собор на кој има посетители од Вепрчани и луѓе со потекло од него, Прилеп, Скопје и странство.
Местоположба
Црквата се наоѓа на зарамнетиот врв на ридот веднаш над самото село.
Пред самата црква, од двете страни на оградата има две многу стари дабови дрвја со огромни стебла, од кои едното е уништено и изгорено по удар на гром.
Архитектура
Градбата на манастирска црква потекнува од средновековието, а придружните услужни објекти како кујна, трпезарија и соби за преноќување се изградени во поново време кон крајот на XX век.
Галерија
Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Прилепечко-витолишка парохија Вепрчани
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Храмови посветени на Свети Димитрија во Македонија