„Поп дива“ (англиски: Pop diva) е роман за деца на англиската писателка Синди Џефрис од 2007 година. Романот е дел од серијалот „Училиште за славни“ (како шеста книга), објавен на македонски јазик во 2012 година, во издание на издавачката куќа „Детска радост“ од Скопје, како дел од библиотеката „Тин“. Содржина Романот се состои од следниве поглавја:Синди Џефрис, Училиште за славни - Поп дива Скопје: Детска радост, 2012. Ново полугодие Вечерата Плановите на Поп Час Задевајќи ја Поп Мал застој Добра идеја Кошмарот на снимањето Тага Лекцијата е научена Работа
Технички податоци Книгата има 84 страници, со големина од 20 сантиметри и мек повез. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-228-112-4. Преводот го извршила Славица Арсова, дизајнот и графичко-ликовното уредување го извршил Жарко Туниќ, а лектурата е дело на Лорета Шкиљевиќ. Книгата е отпечатена во печатницата „Напредок“ од Тетово.Синди Џефрис, Училиште за славни - Поп дива Скопје: Детска радост, 2012.
Наводи
Категорија: Романи за деца Категорија: Изданија на Детска радост Категорија: Дела на Синди Џефрис Категорија:Книги од 2007 година Категорија:Англиски романи Категорија:Појавено во 2012 година во Македонија